Connect with us

Кредити

Еуростандард Банка воведува нов поволен потрошувачки кредит наменет за здравствените работници

Објавено

на

Во услови на пандемија со коронавирус, кога целиот товар паѓа на здравствените работници, Еуростандард Банка одлучи да им се заблагодари на хероите од првите борбени редови, воведувајќи нов потрошувачки кредит за вработените во здравствените установи под исклучително поволни услови.

Имено, новиот „Кредит Плус“ кој го воведува Еуростандард Банка во своето кредитно портфолио е со 0% камата за првите три месеци, 0% провизија за обработка, 0% за административни трошоци, како и 0% за предвремена отплата. Износот на кредитот е до 900.000 денари, во зависност од кредитоспособноста на кредитобарателот, a рокот на отплата е до 10 години односно на 120 рати.

Нашата држава, како и остатокот од светот, се наоѓаат во една исклучително тешка положба. Сведоци сме како пандемијата на КОВИД-19 зема сè поголем замав, а здравствените работници се оние, на првата борбена линија, кои ставајќи го своето здравје во ризик се обидуваат да помогнат на останатите. Воведувајќи го овој нов кредит со одлични услови би сакале да ја изразиме нашата благодарност до сите вработени во здравствените институции за нивната пожртвуваност во овие тешки моменти. Досега се нема случено да има ваква понуда во овој сектор односно да биде понуден кредит со каматна стапка 0%. Искрено се надеваме дека нудејќи ги овие екстра поволни услови можеме на наш начин да им излеземе пресрет на здравствените работници во оваа кризна состојба“, вели Maja Шуклева Камчева, директор на Секторот за работа со физички лица во Еуростандард Банка.

Потрошувачкиот кредит „Кредит Плус“, меѓу другото, може да се искористи за рефинансирање на кредити во друга деловна банка, за рефинансирање на кредитни лимити на картички во други деловни банки, за рефинансирање на изложености во ЕСБ, како и за одобрување на кредитен лимит со секој одобрен кредит, којшто ќе се користи преку кредитни картички или во форма на дозволено пречекорување на трансакциска сметка.

Од Еуростандрад Банка порачуваат дека за подетални информации поврзани со новиот потрошувачки кредит „Кредит Плус“ им стојат на располагање на сите здравствени работници, а во исто време,  и им посакуваат добро здравје и успешно справување со пандемијата на КОВИД-19.

Кредити

Кредитна линија на Комерцијална банка за развој и зелена транзиција на вашиот бизнис

Објавено

на

Дали размислувате за раст и развој на вашиот бизнис преку нови инвестиции и зелена транзиција? Сега е вистинско време да го унапредите бизнисот затоа што пазарот го бара тоа, а решението го нуди Комерцијална банка со новата кредитна линија за мали, средни и средно капитализирани компании. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Продолжуваат промотивните поволности на НЛБ Банка за кредитите за физички лица

Објавено

на

Продолжува кампањата на НЛБ Банка за кредитите за физички лица, овозможувајќи ги промотивните поволности уште цели два месеци. Сите оние кои размислуваат за нови почетоци и сакаат да ги остварат плановите за кои долго мечтаеле, имаат единствена можност да го направат тоа до крајот на годината со кредитите на НЛБ Банка, за кои во промотивниот период се овозможени и дополнителни придобивки. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Како до светла иднина и финансиска независност?

Објавено

на

Достигнувањето на финансиска независност и светла иднина е пат со многу насоки кој бара крерирање на добар план, дисциплина и посветеност. (more…)

Продолжи со читање

Популарно