Осигурување
Еуролинк oсигурување отвора прва онлајн филијала за осигурување

Еуролинк oсигурување ја отвора својата прва онлајн филијала, каде што граѓаните може да пристапат до сите услуги и совети од искусните консултанти за осигурување преку клик на својот мобилен телефон или компјутер, без притоа да го напуштат својот дом или работно место.
Од Еуролинк oсигурување сметаат дека трендот во рамки на кој сите бараме нови начини за реализација на секојдневните активности со намалување на личниот контакт, иако поттикнат од пандемијата, е тренд што ќе се задржи и во иднина затоа што луѓето сѐ почесто имаат потреба од квалитетно, но брзо завршување на работите од местата каде што се наоѓаат. Притоа, додадена вредност e можноста да се комуницира лесно и ефикасно со вистинските луѓе, во овој случај со искусните консултанти за осигурување на Еуролинк, кои може преку онлајн-состанок да ги одговорат сите прашања на клиентите, да помогнат во изнаоѓање на правото решение за поголема сигурност за осигуреникот.
„Приближувањето на нашите услуги и продукти до граѓаните преку инвестирање во нови технологии и пренесување на осигурителните услуги онлајн започна уште со нашето воведување на првиот вебшоп за осигурување во земјава. Комплементарни на ова се секако и мобилната апликација, 24/7 Контакт-центарот, електронското пријавување штети, електронското плаќање фактури и рати – услуги што постепено ги воведувавме во изминатиот период. Со поставувањето на првата онлајн филијала, практично го заокружуваме овој процес. Отсега нашите осигуреници и сите заинтересирани граѓани може да обезбедат онлајн видеосостанок на клик со еден од нашите консултанти за осигурување и да најдат соодветно решение за својата сигурност од удобноста на својот дом“, изјави Марија Томеска, претседател на Управниот одбор на Еуролинк oсигурување.
Онлајн филијалата ја користи платформата Cisco Webex Meetings – водечко решение за видеоконференции, онлајн-состаноци, вебинари и сл. На овој линк Еуролинк oсигурување ги има обезбедено сите насоки за заинтересираните граѓани што сакаат преку платформата да пристапат до првата онлајн филијала за осигурување кај нас!
Онлајн филијалата започнува да работи со исто работно време како што во моментов функционираат сите други филијали на Еуролинк oсигурување – тоа е секој работен ден, од 8 до 14 часот. Целта е понатаму работното време да се продолжува во согласност со потребите на граѓаните.
Осигурување
Микро дом, нов производ на Триглав Осигурување

Триглав Осигурување воведе нов производ за осигурување на дом, Микро дом, кој што клиентите можат да го користат додека се на патување во странство. Микро осигурувањето на дом се склучува во рамки на полисата за здравствено-патничко осигурување. (more…)
Осигурување
Денови на финансиска писменост: АСО додели награди и пофалници на 37 основци и средношколци за творби од областа на осигурувањето

АСО додели награди и пофалници на 37 ученици, од основни и средни училишта ширум земјава, за цртежи, есеи и песни на теми од областа на осигурувањето. Со оваа активност симболично АСО ги започна „Денови на финансиска писменост 2023“ кои ги организираат сите регулатори на финансискиот пазар. За значаен придонес во унапредување на финансиската писменост кај учениците АСО додели и благодарници на 20 наставници – ментори кои континуирано и посветено работат со учениците на градење на свесноста за значењето на осигурувањето за општата благосостојба на населението. (more…)
Домашни банки
Ексклузивна соработка на Триглав осигурување Живот и Комерцијална банка – „Инвестициско осигурување на живот“ за безгрижна финансиска иднина

Понудата на современи и атрактивни финансиски производи на Комерцијална банка сега е збогатена со нов продукт – „Инвестициско осигурување на живот“. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје