Осигурување
Еуролинк осигурување со скратено работно време поради вонредните услови

Еуролинк осигурување ги известува своите почитувани клиенти дека со цел заштита на индивидуалното и јавното здравје, во периодот кој следи компанијата ќе работи со редуциран број на вработени заради организирана работа во смени и скратено работно време.
Согласно оваа одлука, работното време на сите канцеларии и подружници на Еуролинк осигурување ќе биде од понеделник до петок, од 08:00 до 14:00 часот.
Еуролинк осигурување како компанија која постојано вложува во нови технологии и иновативни решенија, останува целосно достапна за сите клиентите преку:
- Контакт центарот на телефон 02/15888 достапен 24/7 или преку е-маил: eurolink24@eurolink.com.mk
- Преку интернет страницата и мобилните апликации
- Телефонски кај Вашиот осигурутелен консултант за осигурување или во подружниците низ земјата
Сите осигурителни продукти, услуги и совети на клиентите им стојат на располагање и во период на вонредна состојба.
За контакт со подружниците ширум земјата, покрај редовните телефонски броеви, на располагање стојат одговорните лица во Вашето место:
Осигурување
Вложувањата во неживотно осигурување надминаа 10 милијарди денари, продажбата на полиси зголемена за 16%

Осигурениците и осигурителните компании лани склучија над 1,71 милиони договори за осигурување вредни над 10,5 милијарди денари. Најпопуларно меѓу сите неживотни осигурувања останува приватното здравствено осигурување кое три години по ред има најголем раст на продажба. Од сите доброволни класи и понатаму најмногу се вложува во осигурување имот. Најголемо учество во вкупната продажба и минатата година има задолжителното осигурување од автомобилска одговорност. Од сите 11 компании за неживотно осигурување дури десет друштва лани бележат раст на приходите од продажба на осигурителни полиси. (more…)
Осигурување
Осигурениците наплатија 71 милион евра, осигурителните компании исплатија над 100.000 штети

Осигурителните компании исплатија 30 отсто повеќе пари за штети покриени со осигурување лани во споредба со претходната година. Најголем број штети се исплатени за покривање медицински трошоци покриени со дополнително здравствено осигурување, а од сите класи доброволно осигурување најмногу средства се исплатени за штети покриени со осигурување имот. (more…)
Осигурување
КАСИЧКА, детско осигурување со штедење на Триглав Осигурување Живот – нов производ за заштита и сигурност на децата

Грижата за семејството е главната причина која не наведува да донесеме одлука за обезбедување на сигурност без несакани потешкотии во иднина. Финансиската стабилност на нашите деца е можеби една од најважните сегменти при сечие размислување, па поседувањето на полиса за осигурување на живот која би го намалило ризикот при несакани тешки финансиски последици на родителите го прави производот Касичка вистински заштитник за сигурна иднина. (more…)
- Анализипред 2 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | Д-Р БИЛАЛ СУЏУБАШИ, ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
- Банкипред 1 week
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка