Connect with us

Осигурување

Еуролинк осигурување со времено олеснување на условите за своите клиенти

Објавено

на

Еуролинк осигурување активно ги следи случувањата и препораките поврзани со појавата на Ковид – 19 и соодветно ги применува мерките за спречување на ширењето на овој вирус. Имајќи предвид дека најновите препораки се во насока на социјално дистанцирање и намалување на движењето на граѓаните што ја ограничува достапноста до ресурси, Еуролинк осигурување воведува мерки за времено олеснување на условите под кои клиентите го обезбедуваат своето задолжително и незадолжително осигурување.

Целта на ваквите времени мерки е да се овозможи комплетна поддршка за сите осигуреници и нивните потреби во специјални околности, а истовремено да се заштити здравјето на клиентите, вработените и јавното здравје.

Во овој правец, Еуролинк осигурување известуваме дека во следниот период се воведуваат следните олеснувања:

  1. Се дозволува 30 дена одложено плаќање за сите физички лица, за рати или плаќање во готово, за сите класи на осигурување. Мерката важи за сите нови и обновени полиси и сите начини на плаќање на премија.
  2. Полисите на клиентите физички лица за сите класи на незадолжително осигурување, чии што рок за обнова е во периодот од 15.03. до 31.03, а кои од која било причина клиентите не стигнале или не можеле да ги обноват/потпишат, ќе се сметаат за важечки уште 15 дена од нивниот истек. Еуролинк осигурување ќе ги подмири евентуалните штети кои би настанале во продолжениот рок на траење и кои клиентите би ги пријавиле согласно условите на соодветната полиса.  Клиентот има можност да одлучи дали сака да ја обнови полисата или не, а доколку реши да не ја обнови нема да има финансиски обврски за продолжениот рок на траење.
  3. Сите полиси за правни и за физички лица во следниот период ќе се договараат по телефон, а ќе се доставуваат електронски по е-маил. Ова важи и за задолжителните полиси за осигурување од автоодговорност и за сите незадолжителни класи на осигурување.
  4. Сите полиси и документи што не можат да се достават електронски, ќе се доставуваат по пошта. Во случаи кога на барање на клиентот полисата ќе биде потребно да се достави на рака, ќе бидат преземани сите мерки за одржување неопходна хигиена со цел да се заштитат клиентите и вработените. За оваа цел сите продажни места на Еуролинк осигурување се опремени со средства за дезинфекција и соодветна заштитна опрема.
  5. Осигурениците на Еуролинк имаат можност за едноставно електронско пријавување на штети преку веб страницата или преку мобилната апликација на Еуролинк осигурување.
  6. Достапна е опцијата за брзо и едноставно онлајн плаќање на рати и фактури преку веб страницата или преку мобилната апликација на Еуролинк осигурување.
  7. Интернет продавницата на Еуролинк осигурување нуди можност за купување на онлајн полиси за патничко осигурување, станбено осигурување, осигурување од автоодговорност и полиса за приватно семејно здравствено осигурување.

За сите дополнителни прашања, Еуролинк осигурување им стои на располагање на клиентите преку Контакт центарот на 02/15888 или е-маил: eurolink24@eurolink.com.mk каде може да се добие услуга и поддршка 24/7.

Да се однесуваме одговорно, да го заштитиме сопственото, но и јавното здравје!

Осигурување

Бројот на претставки решени во корист на осигуреници зголемен за 37%, најчесто се жалат на основ за исплата и висина на надомест

Објавено

на

Продолжува да расте бројот на претставки кои до АСО ги поднесуваат незадоволни осигуреници што укажува на заклучок дека осигурениците ја препознаваат посветеноста на менаџментот и вработените на АСО во заштитата на правата на осигурениците. Очекувано најбројни, во првите три месеци годинава, се поплаките на осигуреници при обештетување од автомобилска одговорност. Во овој период не била поднесена претставка само за една од вкупно 16 компании за осигурување. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Вилма Учета Дузлевска на нова меѓународна позиција во рамки на Групацијата Триглав

Објавено

на

По петнаесетина години поминати во осигурителниот сектор во земјава, од кои дванаесет на главна извршна позиција, Вилма Учета Дузлевска заминува од кормилото на Триглав Осигурување Живот. Надзорнот Одбор на Триглав Осигурување со седиште во Република Хрватска ја назначи Учета Дузлевска за Претседател на Управниот Одбор, а позицијата ќе ја извршува по добивање на потребните согласности од страна на хрватските надлежни тела. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Триглав Осигурување со нов производ за осигурување на дом – Мој дом

Објавено

на

Триглав Осигурување го воведува Мој дом – нов производ за осигурување на домот. Мој дом нуди избор на повеќе пакети на покритија. Клиентите имаат можност да изберат пакет во согласност со нивните потреби и можности, како и да додадат во својот пакет одредени дополнителни покритија и предмети на осигурување и на тој начин самите да го креираат осигурувањето за својот дом. (more…)

Продолжи со читање

Популарно