Connect with us

Осигурување

Еуролинк осигурување: Немаме никаква капитална или друга поврзаност со Еуростандард банка

Објавено

на

Народната банка во текот на вчерашниот ден ја укина дозволата за основање и работење на Еуростандард банка АД Скопје, што како бомба одекна во јавноста, пред се во банкарскиот сектор.

Банката на бизнисменот Трифун Костовски веќе подолг период се соочувала со проблеми поврзани со лоши пласмани, а како резултат на тоа била под силен надзор на Централната банка, која во неколку наврати упатувала опомени за несовесното работење на Еуростандард банка АД Скопје.

И покрај опомените од Народната банка, Костовски цврсто застана на ставот дека нема да ја продава, туку ќе ја зајакне и ќе ја крене на здрави нозе, а во тоа секако дека требаше да му помогне капиталот обезбеден од продажбата на осигурителната куќа на неговата ќерка, Еуролинк осигурување.

Со свој став околу целата ситуација излезе и Еуролинк осигурување АД Скопје кој ви го пренесуваме во целост:

„Во врска со тековните случувања поврзани со Еуростандард банка, а со цел правилно информирање на нашите клиенти и соработници, Еуролинк осигурување потврдува дека нема никаква капитална или друга поврзаност со Еуростандард банка.

Еуролинк осигурување АД Скопје од 31.03.2020 е во 100% сопственост на Grazer Wechselseitige Versicherung AG (GRAWE Group) со седиште во Грац, интернационална компанија со осигурителна традиција долга повеќе од 190 години. Оттука, сакаме да ги информираме сите наши осигуреници и соработници дека одземањето на дозволата за работа на Еуростандард банка нема и ниту ќе има ефект врз нашето работење.

Еуролинк осигурување изнајмува деловни простории во сопственост на Еуростандард банка, каде е сместена нашата Централа, и истата продолжува да работи без прекин и пречки, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

За сите дополнителни информации за осигурениците на Еуролинк осигурување на располагање стои нашиот Контакт центар достапен 24/7 на 02/15888, а за дополнителни информации за јавноста достапни сме на komunikacii@eurolink.com.mk. – се вели во соопштението на Еуролинк осигурување АД Скопје.

Осигурување

Триглав – групација со солиден капитал и стабилен, профитабилен бизнис

Објавено

на

Агенцијата за кредитен рејтинг „S&P Global Ratings” (во натамошниот текст: „S&P” или агенција) по редовниот годишен преглед на ден 11.09.2020 година, на Групацијата Триглав, а со тоа и на нејзиното матично друштво и друштвото ќеркa Позаваровалница Триглав Ре, повторно ја потврди долгорочната кредитна бонитетна оценка и кредитната оценка за финансиска моќ »A« со стабилна среднорочна прогноза. Високиот рејтинг е одраз на стабилното и профитабилно работење на Групацијата Триглав, нејзината солидна капитализираност, промислената реосигурителна заштита и водечката позиција на пазарот во Словенија и во регионот. Кредитниот рејтинг „А“ е исклучиво проценка на самостојниот профил на кредитни ризици на Групацијата и не содржи никакви зголемувања, што би биле последица на поврзаноста на Групацијата со државата. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Нови приливи од камати распределени на сметките на членовите во Сава пензиски фонд и Сава пензија плус

Објавено

на

Сите приливи кои се резултат на инвестираните пензиски заштеди акумулирани во пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво а.д. Скопје им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондовите и пропорционално се распределуваат на нивните сметки. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Групацијата Триглав во првото полугодие со раст на премија и пониска добивка

Објавено

на

Групацијата Триглав во првата половина од годината и покрај тешките услови поради пандемијата, работеше профитабилно и сигурно. Достигна премиски раст на повеќето свои пазари, во сите три сегменти на осигурувањето и оствари 7 проценти повисока консолидирана бруто полисирана премија (673,4 милиони евра) споредено со истиот период минатата година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно