Connect with us

Осигурување

Еуролинк осигурување вработува!

Објавено

на

Сакате да работите во една од најдобрите осигурителни компании во Македонија? Поседувате вештини за продажба и сакате да постигнете повеќе?

ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ А.Д. СКОПЈЕ, ЕДНА ОД ВОДЕЧКИТЕ КОМПАНИИ ЗА НЕЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА, ЗАРАДИ ПРОШИРУВАЊЕ НА СВОЈОТ ТИМ ЗА ПРОДАЖБА ИМА ПОТРЕБА ОД ПОВЕЌЕ КОНСУЛТАНТИ ПОЧЕТНИЦИ ЗА ПРОДАЖБА НА ОСИГУРУВАЊЕ ЗА СЛЕДНИТЕ ГРАДОВИ:

Скопје – 4, Охрид – 1, Гевгелија – 1, Тетово – 2 Кавадарци – 1, Прилеп – 2, Струмица – 2, Штип – 1, Кочани – 1, Куманово – 1, Битола – 3 консултанти – почетници 

ИДЕАЛНИТЕ КАНДИДАТИ ТРЕБА ДА ПОСЕДУВААТ:
– Ентузијазам за остварување контакти со клиенти
– Силни комуникациски способности за градење долгорочни релации со клиенти и колеги
– Самоиницијативност кон остварување цели во зададени рокови и ориентација кон тимска работа
– Флексибилност кон промени, ведар дух и желба за постигнување одлични резултати,
– Желба за учење и способност за усвојување нови знаења и вештини
– Минимум средно образование

ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО/ОДГОВОРНОСТИ:
– Воспоставување и развивање на деловните односи со осигуреници,
– Развивање и стекнување на референци и постојано стекнување нови осигуреници,
– Изготвување на понуди за осигурување, полиса за осигурување и додатоци на истата,
– Одредување на квалитетот на осигурителното покритие,
– Наплата на премија за осигурување,
– Навремена обнова на постојни договори за осигурување,
– Стекнување знаење за најнова техничка опрема која се користи и вештини потребни за својата професија,

ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ АД СКОПЈЕ ЗА ИЗБРАНИТЕ КАНДИДАТИ ЌЕ ОВОЗМОЖИ:
– Работа во динамична атмосфера на млади и амбициозни луѓе,
– Тренинзи за развој на продажни вештини и запознавање со услови за осигурување и тарифи на работно место и надворешни тренинзи,
– Конкурентен систем на наградување базиран на остварени резултати,
– Можност за напредување со неограничен потенцијал за раст, според остварена провизија
– Одличен баланс – работа и приватен живот,
– Припадност во семејството на најдобрите продавачи на осигурување во земјата.

Основна месечна нето плата во износ од 12.165 денари со неограничен потенцијал за раст, според остварена провизија.

Работниот однос се заснова на определено време на 3 месеци со можност за продолжување.

Работно време: 40 часа неделно, понеделник-петок, од 8 до 16 часот.

Испратете ваша биографија и писмо за интерес најдоцна до 29.11.2018 на hr@eurolink.com.mk или на адреса: ЕУРОЛИНК осигурување АД Скопје, до: Сектор за човечки ресурси, ул: Никола Кљусев бр. 2, 1000 Скопје, тел. 02/ 32 89 301

Рок за избор на кандидати: 45 дена.

Пристигнатите апликации по наведениот рок, како и некомплетните апликации нема да бидат предмет на разгледување. Кандидатите избрани во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.

Напомена: Ќе бидат контактирани само оние кандидати кои ќе бидат избрани во потесен круг.

*Личните податоци наведени во кратката биографија добиени во процесот на селекција на кандидатите за вработување се користат единствено за целта за која се побарани. По завршување на процесот, истите ќе бидат уништени или на барање на кандидатите вратени, во форма во која се примени.

Осигурување

Бенефиции од вештачката интелигенција во осигурувањето

Објавено

на

Илјадници тврдења, барања на купувачи и големи количини на разновидни податоци ја прават индустријата за осигурување најдобар пример за вештачка интелигенција и когнитивни технологии. Една неодамнешна студија од Tata Consultancy Services објави дека осигурителниот сектор инвестираше 124 милиони долари во AI, во споредба со просекот од 70 милиони долари инвестирани од други индустрии. Од услугата на купувачи до обработката на побарувањата, AI често се наведува како нарушување на сила во осигурителниот сектор. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Оглас за вработување во Сава Осигурување!

Објавено

на

Сава осигурување а.д. Скопје отвора позиции за енергични, комуникативни лица кои се подготвени да научат нови вештини во професионална и мотивирачка средина за работа.

(more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Триглав Осигурување советува: Безбедност во зима!

Објавено

на

Зимата е омиленото годишно време на многумина. Но, покрај многу возбуда, зимата ни носи и голем број незгоди. Прочитајте кои се основните превентивни мерки што треба да ги преземете, зимата да ја поминете без грижи. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange