Connect with us

Останато

ЕУРИБОР на историски најниско ниво

Објавено

на

Дванаесетмесечната референтна каматна стапка Еурибор (Euro Interbank Offered Rate) што се користи како референца за пресметување на каматните стапки падна на ново најниско ниво од минус 0,398% минатата недела.

Тримесечната стапка на Еурибор, исто така, падна на рекордно ниско ниво од минус 0,491%.

Рекордниот пад на одредницата Еурибор беше поттикнат од напорите на Европската централна банка (ЕЦБ) да обезбеди финансирање на банките во обид да се спротивстави на економската закана што ја предизвикува пандемијата.

Пред помалку од четири месеци, соодветната стапка Еурибор која се креира на европскиот меѓубанкарски пазар (и по која банките си позајмуваат средства меѓу себе) достигна врв за четири години откако пазарот се загрижи заради економското влијание на корона вирусот. Сепак, каматните стапки почнаа да паѓаат откако ЕЦБ во јуни започна со целно финансирање во износ од 1.310 милијарди евра.

Тримесечниот Еурибор кој ја одредува цената на банкарските заеми, падна за околу десет основни поени од јуни.

Доколку се исполнети одредени услови, каматната стапка што се наплатува на банките може да биде и до минус еден отсто, што значи дека во пракса централната банка им плаќа на банките за средствата што ги позајмува.

„Најниската точка е предизвикана од финансирањето на TLTRO (The targeted longer-term refinancing operations – TLTRO – операции за долгорочно таргетирано рефинансирање) и купувањето и продажбата на хартии од вредност од страна на ЕЦБ, а не од очекувањата за намалување на каматните стапки”, изјави аналитичарот на Futures First, Риши Мишра за „Блумберг“.

Стапката на Еурибор првпат падна на негативна територија во февруари 2016 година, бидејќи со политиката на квантитативни олеснување Европската централна банка се обидуваше да ја зајакне економијата на еврозоната.

Останато

Бизнисот со топлинска енергија оди во домашни раце – Адора инженеринг на јавна лицитација за 9,3 милиони евра го купи имотот на Топлификација АД во стечај

Објавено

на

Адора инженеринг по пат на јавна лицитација, за 9,3 милиони евра, ги купи Топланите Исток и Запад и најголемиот дел од останатиот имот на Топлификација АД, која е во стечај. Со оваа купопродажба успешно се завршува стечајната постапка на ова претпријатие и се отвара ново светло, поглавје во регулираниот бизнис со производство на топлинска енергија, кој што е од државно значење, односно директно влијае врз екологијата и целокупниот комфор на живеење на граѓаните во главниот град Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Извршниот директор на Тиго Фајнанс, Филип Димитровски, прогласен за еден 40 највлијателни и најуспешни бизнис лидери под 40 години во Југоисточна Европа

Објавено

на

Престижната меѓународна агенција „Business Elite Awards“, на специјална гала свеченост организирана во Истанбул, Турција, му го додели значајното „40 Under 40“ признание за бизнис лидер под 40 години на Филип Димитровски, извршен директор на финансиското друштво Тиго Фајнанс. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Во соработка со ИНФЕ-ОЕЦД и Министерството за финансии на Холандија се засилуваат активностите за спроведување на националната Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија

Објавено

на

Спроведувањето на првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија засилено напредува. Оттука, вчера и денес, финансиските регулатори од земјава предводени од Народната банка во рамките на Координациското тело за финансиска едукација и финансиска инклузија, заедно со Меѓународната мрежа за финансиска едукација при Организацијата за економска соработка и развој (ИНФЕ-ОЕЦД) во соработка со Министерството за финансии на Холандија, организираат работилница, во рамките на програмата на Конституенцата и програмата „Манивајс“ (Money Wise). (more…)

Продолжи со читање



Популарно