Платежни картички
Ерсте Кард Клуб официјално ја презеде франшизата Динерс Клуб Интернационал во Србија, Македонија и Црна Гора


Се реализираше трансакцијата со која Ерсте Кард Клуб ДОО(ЕКК), со седиште во Загреб, се стекна со 100% сопственост врз друштвата Динерс Клуб Интернационал Белград ДОО од Белград и Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ од Скопје, а посредно и над друштвата Динерс Клуб Интернационал Монтенегро ДОО од Подгорица и ДК Травел од Белград.
Со тоа ЕКК официјално го презеде ексклузивното право на издавање и прифаќање на Динерс Клуб картички, односно одговорноста за понатамошен развој на брендот на Динерс Клуб и понатамошното работење на територијата на Република Србија, Република Македонија и Црна Гора.
Преносот на лиценцата на ЕКК, како и понатамошниот развој на работењето на наведените пазари беше поддржан и одобрен од Динерс Клуб Интернационал, како давател на франшизата.
„Драго ни е за успешната реализација на трансакцијата и тоа во рокот што беше најавен кога се потпишуваше договорот во ноември минатата година, што дополнително ја потврдува сериозноста на нашите намери. Сега во целост може да се посветиме на нашата главна цел, а тоа е понатамошен развој на работењето на Динерс Клуб на пазарите во Србија, Македонија и Црна Гора и осигурување на врвен квалитет на услугата кон клиентите“, истакна по овој повод Марија Радониќ, заменик претседател на Управата на ЕКК задолжена за регионално работење.
Обрад Сикимиќ, досегашниот прв човек на Динерс клубот на територијата на Србија, Црна Гора и Македонија, кој има поминато над 25 години активно работење на позиционирањето на брендот Динерс Клуб во овие земји, наредните пет години ќе ја врши функцијата претседател на надзорниот одбор на ДКИ Белград.
Во наредниот период ЕКК во јавноста ќе ја претстави деталната деловна стратегија на пазарите на Србија, Македонија и Црна Гора.
Ерсте Кард Клуб ДОО е картична куќа со преку 550.000 издадени кредитни картички во Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија.Дел е од една од најголемите банкарски групации во средна и источна Европа, Ерсте групацијата и партнерот во регионот, „Steiermärkische Sparkasse“ од Грац. Освен франшизата Динерс Клуб во Хрватска, која е една од 10 најголеми и најуспешни во светот, ЕКК е сопственик и на Динерс Клуб во Босна и Херцеговина и Словенија, а присутен е и на пазарот во Унгарија, Бугарија и Романија во сегментот прифаќање картички.
Платежни картички
Динерс воведе можност за подигнување готовина на банкоматите на Халкбанк


Diners Club Македонија им овозможи на корисниците на картички да подигнуваат готовина од банкоматите на Халкбанк АД Скопје. (more…)
Платежни картички
НЛБ Банка со промотивна кампања за сите Mastercard кредитни картички за физички лица – Вистинска можност да добиете повеќе!


Почнувајќи од денеска, НЛБ Банка започнува промотивна кампања со која постоечките и новите корисници на некоја од НЛБ Mastercard кредитните картички за физички лица имаат вистинска можност да добијат повеќе.
Имено, во периодот од 10 мај до 30 јуни годинава, за постоечките и новите корисници на Mastercard Standard, Mastercard Light, Mastercard Gold и Mastercard HaPPy картичките, НЛБ Банка овозможува единствени поволности, парична награда или бесплатна членарина за првата година од користењето.
Поконкретно, во промотивниот период, 1.000 клиенти – иматели на некоја од споменатите Mastercard картички кои ќе направат најголем број трансакции ќе добијат паричен износ во висина од 2.000 денари на нивната картичка. Дополнително, сите оние кои, во промотивниот период, ќе аплицираат и ќе станат корисници на некоја од наведените Mastercard картички ќе добијат бесплатна членарина за првата година од користењето.
НЛБ Mastercard кредитните картички за физички лица може да се користат во земјата и во странство, за плаќање на продажни места и подигање готовина на банкомати секаде каде е истакнат знaкот на Мastercard. Дополнително, Mastercard HaPPy картичката е единствената картичка на пазарот која нуди загарантирана можност за cashback за секое нејзино користење.
Повеќе детали за Mastercard кредитните картички и промотивните понуди на НЛБ Банка клиентите можат да добијат во сите експозитури на Банката, како и на веб-страницата: www.nlb.mk или преку контакт-центарот, на телефонскиот број 02/15 600.
Платежни картички
Заштеда до 12% на резервациите на Booking.com со American Express


Нова одлична поволност за корисниците на кредитните и дебитните Аmerican Express картички издадени од Силк Роуд Банка. Отсега сите корисници на кредитните и дебитните Аmerican Express картички може да уживаат во повеќекратните придобивки при онлајн резервација на една од најголемите меѓународни онлајн туристички агенции – Booking.com. (more…)
- Кредитипред 1 month
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 1 month
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Кредитипред 2 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје