Connect with us

Странски банки

Ердоган го променил гувернерот и ја ставил под контрола Централната банка?

Објавено

на

Република Турција го сменила гувернерот на Централна Банка, Мурат Четинкаја поради разидување помеѓу турската Влада и банката околу економскиот пад, волатилноста на турската лира и високата инфлација.

Мурат Четинкаја бил на местото гувернер од 2016та година, а на негово место е поставен Мурат Ујсал, пренесува Ројтерс. За сега не е познато поради што дошло до промена на местото, меѓутоа , на пазарот во минатите недели се шпекулирало дека Четинкаја е сменет поради својата неспремност да ги намали каматните стапки. Како што се зборува дека централната банка се соочува со притисок од стран на претседателот Реџеп Таип Ердоган да ги намали каматните стапки за да оживее економијата која на почеток на годинава подпаднала во рецесија.

Ердоган бил незадоволен поради каматните стапки и изразил незадоволство во сите прилики. Одлуката на банката во јуни да ги задржи каматните стапки на исто ниво допринела до проблемот со Четинкаја. Ердоган бил одлучен да ја подобри економијата и поради тоа донел одлука за смена на Четинкаја“, – изјава на еден висок турски функционер за британска агенција. Како што навеле други функционери, разликата во мислењата на гувернерот и министерот за екомонија во изминатиот период се продлабочила.

Оставката на Четинкаја освен претседателот ја побарал и министерост за финансии, кој е инаку зет на Ердоган, но Четинкаја ги потсетил дека Централната банка е независна и одбил да се повлече. „На првото обраќање на Мурат Ујсал, истакнал дека ќе бидат користени на највисоко ниво каналите за комуникација, во согласност со целите- а тие се стабилност на цена и финансии“ – соопштение од банката. Според минатонеделните податоци, инфлацијата во јуни е на најниско ниво во текот на годината, благодарејќи на падот на цената на храната, со што се отворила можност за прво снижување на каматните стапки во таа земја уште од минатогодишната криза на националната валута.

Странски банки

„Intesa Sanpaolo” оствари нето-добивка од 2,56 милијарди евра во првата половина на 2020 година

Објавено

на

Управниот одбор на меѓународната банкарска групација „Intesa Sanpaolo”, во чии рамки делува „Banca Intesa”, го одобри консолидираниот полугодишен извештај на 30 јуни 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Заборавете на доларот, купувајте злато! Цената на овој скапоцен метал допрва ќе расте

Објавено

на

Тековната финансиска политика на американските власти ја поткопува довербата во доларот и ги принудува инвеститорите да купуваат злато што е можно поактивно. Ваквиот коментар го објави една од најголемите светски инвестициски банки во светот, „Goldman Sachs“, пренесува „Bloomberg“. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ЕЦБ ги советува банките да не исплаќаат дивиденди до почетокот на следната година

Објавено

на

Банките во еврозоната би требало да причекаат со исплата на дивиденди и откуп на акции до 1 јануари следната година, стои во најновите препораки на Европската централна банка (ЕЦБ). (more…)

Продолжи со читање

Популарно