Connect with us

Останато

Ердоган го отпушти гувернерот на централната банка поради рекордниот пад на лирата

Објавено

на

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го отпушти гувернерот на централната банка на Турција поради високата инфлација и рекордно ниската вредност на лирата.

Поранешниот министер за финансии Наџи Агбал ќе го замени досегашниот гувернер Мурат Ујсал, согласно уредбата со законска сила на претседателот објавена во Службен весник.

Одлуката е донесена откако лирата изгуби скоро една третина од својата вредност од почетокот на годинава – во петокот достигна рекордни 8,58 во однос на американскиот долар, а годишната инфлација беше енормни 11,89 проценти.

Ујсал беше назначен за претседател на централната банка во јули 2019 година, откако неговиот претходник не успеа да ги намали каматните стапки за да ја зајакне економијата.

Ердоган повика на пониски каматни стапки, негирајќи ја воспоставената економска теорија дека високите стапки можат да ја намалат инфлацијата. Тој смета дека како што паѓаат каматните стапки, така ќе се намалува и инфлацијата.

Минатиот викенд тој ги опиша каматните стапки, курсот и инфлацијата како „ѓаволски триаголник“.

Ердоган и турскиот министер за финансии, неговиот зет Берат Албаирак, честопати ги обвинуваат странските сили за економските проблеми на Турција.

Агбал беше назначен од претходната позиција како шеф на претседателскиот директорат за стратегија и буџет. Тој беше министер за финансии од 2015 до 2018 година.

Неговата нова улога доаѓа во моментот кога Турција стравува од влошување на односите со САД доколку кандидатот на демократите Џо Бајден ја официјализира победата на претседателските избори.

Останато

Еcommerce4all.eu – бесплатна едукативна платформа за развој на прекуграничната е-трговија во ЦЕФТА

Објавено

на

Неодамна е комплетирана – ecommerce4all. eu – првата регионална платформа за е-трговија која претставува информативен центар е-трговија во ЦЕФТА регионот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Европската комисија предвидува раст од 2 проценти на македонската економија за годинава

Објавено

на

Европската комисија предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од два отсто, а во 2024 од 3,1 проценти. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ќе се издава граѓанска обврзница за финансирање на развојни проекти

Објавено

на

Министерството за финансии планира во јуни да издаде граѓанска обврзница со рок од две години и со примамлива камата. Според министерот за финансии, Фатмир Бесими, новиот финансиски инструмент ќе им овозможи на граѓаните да купат обврзница од минимум 10.000 денари, а со цел развој на финансикиот пазар. (more…)

Продолжи со читање

Популарно