Компании
ЕОС Груп истражување: Инфлацијата и енергетската криза создадоа загриженост за финансиската иднина кај граѓаните во Европа

Околу 47% од потрошувачите во Европската Унија и земјите од Југоисточна Европа се загрижени за својата финансиска иднина, покажува истражувањето на потрошувачите што го спроведе Групацијата ЕОС („EOС Group“). Истражувањето е спроведено во првата половина од 2023 година во земјите членки на Европската Унија, Швајцарија и земјите од Југоисточна Европа. Главни причини за ваквиот тренд се високата инфлација која ги зголеми трошоците за живот и енергетската криза, која минатата година донесе историски највисок раст на цените. Најмногу како резултат на овие два фактора, 53% од испитаниците одговориле дека станале повеќе ценовно чувствителни, а 44% од нив купувале производи на распродажба, односно со пониски цени, додека 33% избегнувале непотребни трошоци и ја намалиле личната потрошувачка.
Во С. Македонија 42% од испитаниците одговориле дека се ценовно чувствителни и внимаваат на својата лична потрошувачка. Гледано по земји, овој процент е највисок во Романија – 67%, Унгарија – 66%, Чешка – 63% и Франција – 59%. Според истражувањето на „ЕОС Груп“, како резултат на ваквите трендови, 33% од граѓаните најмногу штеделе на услуги за релаксација и рекреација.
„Истражувањето јасно покажува дека инфлацијата и енергетската криза ја зголемија ценовната сензитивност кај граѓаните, но исто така се забележува и тренд на поодговорно трошење и грижа за домашниот буџет. Сите ние се обидуваме да ги намалиме личните задолжувања, а особено во време на криза и општа неизвесност. Главните трендови во истражувањето покажуваат дека финансискиот сектор треба повеќе да вложува во развој на решенија кои ќе бидат креирани според потребите на корисниците, а истовремено важно е да продолжи развојот на услуги креирани на база на доверба и разбирање на клиентите. Како водечки финансиски инвеститор за управување со побарувања, ние имаме голема експертиза во овој сегмент и продолжуваме да работиме на дополнително унапредување на алатките со кои ќе го подобриме односот со корисниците во интерес на двете страни“, истакна д-р Катерина Бошевска, генерална директорка на „ЕОС Матрикс“, дел од Групацијата ЕОС.
Истражувањето на потрошувачите покажува и благо зголемување на задолжувањето од 19%. Најголем процент на зголемување на задолжувањето има во Романија и Унгарија од 30%, а високо на листата е и С. Македонија, каде задолжувањето се зголемило за 29%, а во Србија за 28%. Подмирување на трошоците за греење, електрична енергија и храна биле главна причина за задолжувањето. Најголемиот процент на задолжување или 56% отпаѓа на мали кредити до 1.000 евра, а 29% отпаѓа на кредити од 1.000 до 5.000 евра. Овој тренд укажува на опаѓање на животниот стандард кај дел од граѓаните. Истражувањето укажува и на зголемено користење на готовина наместо електронско плаќање. Имено, 43% од испитаниците одговориле дека користат повеќе готовина отколку шест месеци претходно, што укажува на зголемен страв и неизвесност кај граѓаните.
„ЕОС Матрикс“ е водечки финансиски инвеститор во сегментот на управување со побарувањата базиран на напредни технологии и иновативни решенија. Со своите активности и експертиза, „ЕОС Матрикс“ дава значителен придонес за развој на финансискиот сектор во земјата и проширување на палетата на услуги и можности. Компанијата одбележа 20 години од своето работење на пазарот. „ЕОС Матрикс“ е дел од „ЕОС Груп“, групација која работи на повеќе пазари. Во фискалната 2022/2023 година, обемот на инвестиции во портфолијата на побарувања на компанијата изнесува 1,2 милијарди евра, а приходите беа зголемени за 21,4%. „ЕОС Груп“ е присутна на пазарите во 24 земји, а вработува 6.000 лица ширум Европа.
Компании
Групацијата Иуте ги објавува неревидираните резултати за првата половина од 2023 година

Иуте групацијата со седиште во Талин-Естонија, водечка европска групација за лични финансии, неодамна од Иутекредит се ребрендираше во Иуте, посочувајќи дека отсега па натаму обемот на работа и услуги на пазарот оди надвор од рамките на кредитирање и ќе вклучува услуги за плаќање, банкарство и осигурување. (more…)
Компании
Оглас за вработување во Штедилница Можности

Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во областа на кредитирање и финансии со Штедилница Можности. Ако се идентификувате со визијата и мисијата на компанијата и ве интересира кредитирање и финансии,
Штедилница Можности вработува: (more…)
Компании
ИутеКредит Македонија вработува Административен специјалист за картички и оперативни работи

IuteCredit Macedonia е дел од мултинационалната бизнис корпорација – IuteGroup AS која што е избрана за една од најбрзорастечките компании во Европа. Македонските канцеларии се отворени од 2017 година и оттогаш создаваме исклучително корисничко искуство преку нашите извонредни луѓе. Како една од најбрзите и најудобните финасиски компании со кредитни производи кои клиентите ги претпочитаат, бараме амбициозен карактер кој ќе му се придружи на нашиот тим за да ја направиме нашата одлична работна средина уште поубава. (more…)
- Анализипред 2 months
АНАЛИЗА ШТЕДНИ ВЛОГОВИ: Во која банка е најповолно да ги орочите средствата на една година?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
УНИБанка вработува Раководител и Референт на фронт офис во експозитура во Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Стопанска банка Скопје преку високо пазарно учество до профит од над 27 милиони евра за 6 месеци
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- НБРМпред 2 months
Народната банка ќе мора да направи план за спас на секоја банка во земјава
- Домашни банкипред 2 months
НЛБ Банка оствари нето добивка од 23,5 милиони евра во првите шест месеци од 2022 година