Connect with us

Електронско банкарство

Електронско банкарство – Најниски тарифи и БЕЗ НАДОМЕСТОК за издавање на дигитален сертификат

Објавено

на

Брзо и ефикасно извршување на вашите финансиски работи, преку услугата електронско банкарство на ТТК Банка. Услугата гарантира максимална заштита и безбедност преку користење на дигитален сертификат кој во ТТК Банка се издава без надоместок.

Со електронското банкарство на ТТК Банка имате можност на брз и едноставен начин од својот дом или работно место да ги извршите следните услуги:

  • проверка на состојба, приливи и одливи на денарска или девизна трансакциска сметка;
  • проверка на состојба и аналитички приказ на трансакции на платежна картичка;
  • проверка на состојба на кредит/депозит;
  • податоци за курсна листа за избран ден;
  • аплицирање за Инстант кредит;
  • барања за издавања на сертификати, токени
  • менувачко работење – дозволено само за купување и продавање валути за оние валутни сметки што корисникот ги има во ТТК Банка;
  • отворање стандарден депозит (како специфична услуга и кусур штедење), пренос на средства на депозит и креирање на траен налог;
  • плаќања (плаќање сметки за режиски трошоци, уплата на рата за кредит или рата на кредитна картичка), парични трансфери, преглед на реализирани налози и налози кои чекаат на реализација;
  • промена на дневни лимити на платежни картички (лимит за повлекување на с-ва од АТМ и лимит за on-line плаќања).

Услугата гарантира максимална заштита од неовластен пристап, со користење современи методи на шифрирање и дигитален сертификат. Секој корисник, за пристап кон услугата, ќе добие корисничко име и лозинка, која при првото најавување задолжително треба да ја смени. За користење на оваа услуга, корисникот е доволно да има корисничко име и лозинка.

За подетални информации проверете тука.

Електронско банкарство

Граѓаните да внимаваат при нарачување на Facebook – предупредуваат од ДПИ

Објавено

на

Државен Пазарен Инспекторат на Република Македонија се стреми да ги следи трендовите, па така благодарение на соработката со Проектот на УСАИД за модернизација на инспекциските служби се одржа обука на тема ″Инспекцискиот надзор во е-трговија во Република Македонија″. Инспекторите имаа прилика да слушнат повеќе за е-трговијата,  нејзиниот раст, развој но и предизвиците кои ги носи истата за нив како институција. Во изминатиот период од Државниот пазарен инспекторат велат дека се во пораст пријавите од измамени граѓани кои извршиле купување преку интернет, особено преку социјалните мрежи од нерегистрирани трговци за најразлични производи или услуги. Она што го добиваат не соодејствува со она што го нарачале а кога неможат да си ги остварат правата се обраќаат до Државниот пазарен инспекторат за помош. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

АЕТМ: Над 400 000 граѓани на Република Македонија нарачале / купиле онлајн

Објавено

на

За развој на е-трговијата потребен е холистички пристап и партнерски однос помеѓу бизнисите, банките, владата и корисниците. Во 2017 година се формираше Асоцијацијата за е-трговија на Македонија токму за поврзување на сите засегнати страни со цел соработка за раст и развој на е-трговијата. Објавените резултати за 2018 година од страна на Државниот завод за статистика се охрабрувачки и можат да дадат мотивација за понатаомшни активности и работа за постигнување поголеми резулатати. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Креирај ја мобилната банка на иднината и биди дел од првиот Хакатон на Охридска банка Сосиете Женерал

Објавено

на

Мобилното банкарство станува неизоставен дел од нашето секојдневие. Брзиот развој на новите технологии води кон проширување на можностите за интеракција и кон пошироко користење на банкарските услуги. Очигледна е потребата за воведување на иновации во мобилното банкарство и во начинот на интеракција на банките со сегашните и идните корисници. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange