Connect with us

Колумни

Електронска банка за правни субјекти – лесен и сигурен одговор на модерните предизвици

Објавено

на

Примарната дејност на Банките е да посредуваат помеѓу сопствениците на вишок капитал и оние кои имаат потреба од капитал. При извршувањето на својата дејност банките секогаш се трудат да ги задоволат потребите на клиентите, да го пратат и поддржуваат нивниот развој и да понудат беспрекорни услуги. Следејќи ги потребите на клиентите, пазарните движења и развојот на новите технологии, банките развиваат и усовршуваат платформи (меѓу кои и електронската банка), преку што ја унапредуваат соработката со своите клиенти, на начин кој значително им го олеснува работењето, особено во платниот промет кој е суштинска банкарска операција.

Електронската банка означува пристап до банкарските услуги преку интернет, при што секој клиент (физичко или правни лице) добива сопствено корисничко име (user ID) и лозинка (password), кои треба да му обезбедат приватност во користењето на услугите, како и заштита од можни злоупотреби од страна на други лица. Банките во Македонија, најчесто преку аутсорсинг компании кои веќе имаат искуство со изработка на интернет платформа за електронско банкарство, го имплементираа овој начин на поврзување со своите клиенти. Комерцијална банка АД Скопје својата електронска банка ја креираше самостојно во својот ИТ сектор, откако претходно детално ги  анализираше потребите и барањата на своите клиенти. Електронската банка е дизајнирана на начин што овозможува целосна заштита за клиентите. Македонските компании со тек на време стекнаа доверба во  интернет банката и постепено се` повеќе финансиски активности реализираат преку интернет платформата. Од ден на ден бројот на корисници на интернет банкарството се повеќе расте, а најзначајни предности на електронската банка се:

  • Достапност 24 часа, седум дена во неделата,вклучувајќи и локациска мобилност.
  • Брзо, ефикасно и економично извршување на трансакциите.
  • Заштеда на време, енергија и ресурси, кои клиентите можат да ги насочат кон раст и менаџирање на своето работење.
  • Можноста за брзо и едноставно запознавање со новите услуги кои ги нуди банката, преку информациите кои се поставени на интернет-страницата на банката

Посебна придобивка е безбедноста при процесирање на трансакциите што ја исклучува можноста за евентуално пресретнување на електронската комуникација од страна на хакерски упади. Банката и клиентот комуницираат преку платформата која е целосно заштитена. Сигурноста е развиена до степен што самите платформи содржат модуларни контроли за верификација на исправноста на ИБАН-от (international bank account number) на странските фирми. Но, модуларните контроли нема можност да се спроведат за земји што го немаат прифатено ИБАН-от како стандардизиран модул на банкарска сметка, па затоа е потребна поголема внимателност при внесување на овие сметки. Треба да се напомене дека хакерските банкарски напади најчесто се поврзани со земји во кои банките не вршат или немаат систем за контрола на банкарската сметка и нејзината сопственост (име и презиме на клиент или име, адреса и град на компанија).

Напредокот на информатичко комуникациските технологии придонесува да се зголеми конкуренцијата кај традиционалните финансиски методи во испорака на финансиските услуги. Платниот промет нема да биде повеќе ексклузива само на банките. FinTech е нова индустрија која користи технологија за подобрување на активностите во финансирањето. Употребата на паметни телефони за мобилно банкарство, услуги за инвестирање и криптовалути, се примери за технологии кои имаат за цел да ги направат финансиските услуги попристапни за пошироката јавност. Безбедноста во оваа сфера е регулирана со повеќе европски директиви спроведени од Европската комисија (Генералниот директорат за внатрешен пазар) за регулирање на платежните услуги и даватели на услуги за плаќање низ Европската унија (ЕУ) и Европската економска област (ЕЕА). Потребата од силна регулатива е препознаена нужност заради промената на финансискиот пазар, појавувањето на нови играчи и нови технологии како конкуренција на Банките. Но, искуствата и реалноста говорат дека платформите изготвени и прифатени од Банките нудат најголема заштита и сигурност на пазарот.

Придобивките од Глобализацијата, отвореноста на пазарите и трговската либерализација доведуваат до глобална соработката на нашите и светскитe компании. Неизбежен дел од оваа соработка се интернационалните плаќања. Нивниот обем од ден на ден се повеќе се зголемува, но правопропорционално се зголемува и можноста за интернационални хакерски упади и пресретнувања како и менување на банкарските сметки.

Несомнено банките денес се соочуваат со динамични промени и нови предизвици. Само преку иновација и развој на нови технологии банките ќе можат да се соочат со брзите промени што ги носи модерното деловно окружување.

Дејан Лазиќ

Сектор за односи со странство

Комерцијална банка А.Д. Скопје

Колумни

Банкарство 2.0: Што претставува универзален банкар и зошто е потребен?

Објавено

на

Невозможно е да се оддели еволуцијата и усвојувањето на универзалните банкари од променливата улога на филијалата. Паѓањето на нивото на трансакции значи помалку филијали, а оние што остануваат се помали. Потребата за заштеда на трошоците за персонал ја забрза идејата дека помалку претставници на филијали треба да преземат повеќе должности. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Chatbots ќе играат главна улога во банкарството

Објавено

на

Не многу луѓе се чувствуваат удобно да им овозможат на другите да ја знаат состојбата на своите финансии – проверка на состојбата на трансакциската сметка, големина на хипотека, заеми, дури и колку личноста заработува. Парите, сепак, се приватни. Тоа е причината зошто chatbots ќе ја имаат главната улога во банкарството. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Клиент заглавен во експозитура на банка

Објавено

на

Стануваш наутро и сфаќаш дека денот нема да тргне на добро. Навиката ти вика користи мобилна апликација и плаќај што сакаш. Реалноста ти вика за тоа да го направиш мора да одиш да си ставиш пари на сметка. Стигаш кај најблиските банкомати, сфаќаш дека картичката што овозможува да ставиш пари од банкомат е истечена.

(more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange