Connect with us

Странски банки

ЕК сака банките да ги олеснат условите и да го засилат кредитирањето на стопанството

Објавено

на

„Европската комисија (ЕК) им предлага на банките привремено да ги олеснат условите и правилата со цел да го олеснат кредитирањето на компаниите и домаќинствата кои се борат со ефектите од корона кризата“, рече претставник од Европската Унија.

Доколку бидат целосно имплементирани, овие промени може да предизвикаат банките во Европа да испорачаат дополнителни 450 милијарди евра кредити во економијата.

„Ние силно ги поддржуваме домаќинствата и деловните субјекти да ги минимизираат економските штети предизвикани од коронавирусот. Банкарскиот сектор може и тоа како може да придонесе и многу да помогне во надминување на кризата“, рече потпретседателот на Европската Комисија, Валдис Домборовскис во Брисел.

„Поголема флексибилност, како и предложените насочени измени на регулативата, ќе им овозможат на кредиторите да одржат непречено обезбедување ликвидност и на тој начин да им обезбедат на домаќинствата и на компаниите пристап до потребното финансирање“, додаде Домборовскис.

Меѓу мерките што се предлагаат се одложувањето на примената на одредени правила за капиталот за банките за да им се овозможи повеќе простор за кредитирање.

ЕК, исто така, ги поддржува апелите до банките да се воздржат од исплата на дивиденди и да бидат претпазливи во врска со исплатите на бонуси.

Криптовалути

Централната банка на Русија со предлог целосно да се забрани издавање и употреба на криптовалути

Објавено

на

Централната банка на Русија предложи целосна забрана за издавање, „рударење“ и тргување со криптовалути во Русија, пренесува руски „Комерсант“. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Централните банки во светот забрзано се префрлаат од доларот кон златото

Објавено

на

Централните банки во целиот свет забрзано ги зголемуваат резервите на злато кои ги имаат и кои минатата година достигнаа максимум во последните 31 година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

2021 година ќе биде рекордна во однос на профитите за американсите банки!?

Објавено

на

Најголемите банки на „WallStreet” наскоро треба да пријават рекордни профити во 2021 година, благодарение на високите приноси во секторот на инвестициското банкарство и помалите од очекуваните загуби од кредитите. (more…)

Продолжи со читање

Популарно