Останато
ЕК предвидува намалување од 8,7 проценти на годинешниот БДП на Еврозоната

Економијата на ЕУ ќе го доживее најтешкиот пад од Втората светска војна во вториот квартал на 2020 година, се вели во мрачната прогноза на Европската комисија.
Годинава растот на БДП во Еврозоната се предвидува да се намали за 8,7%, но ЕК очекува веќе следната година БДП да порасне за 6,1%. За 27-те земји членки на ЕУ, Европската комисија предвидува пад на БДП за 8,3% оваа година, но пораст од 5,8% веќе следната година.
Европската комисија смета дека пандемијата на коронавирусот ја погоди европската економија повеќе од очекуваното, и дека патот до економското закрепнување е сè уште неизвесен, пред се поради обновените жаришта и зголемување на бројот на заболени од Ковид-19, што во одредени делови доведува до враќање на привремени рестриктивни мерки или до целосно затворање.
„Реалниот глобален БДП надвор од ЕУ ќе се намали за повеќе од 3 проценти во првиот квартал од оваа година, додека вториот квартал ќе биде многу потежок на глобално ниво, бидејќи повеќето земји ширум светот тогаш воведоа рестриктивни мерки за затворање“, изјави комесарот за економија на ЕУ, Паоло Џентилони, презентирајќи ја летната економска прогноза на Европската комисија.
Тој посочи на некои подобрувања во економската активност во Еврозоната кон крајот на јуни и почетокот на јули, но додаде дека има видливи разлики меѓу земјите-членки на ЕУ.
„Сите земји-членки ќе имаат пад на економијата оваа година и закрепнување во 2021 година, но исто така, постојат големи разлики помеѓу рецесијата и закрепнувањето меѓу членките засновани на различни економски структури и последиците од пандемијата“, додаде Џентилони.
Според предвидувањата на Европската комисија се очекува значителен економски пад во Франција, Италија и Шпанија, додека пак поблага рецесија се очекува да ги зафати Германија, Холандија и Полска. ЕК додава дека инфлацијата кај членките на Еврозоната ќе остане релативно ниска оваа година, на ниво од 0,3%, додека веќе следната година се предвидува минимален раст од 1,1%.
Позитивни вести доаѓаат и од пазарот на трудот.
Од Европската комисија велат дека анализата покажала дека огромното намалување на работното време во земјите на ЕУ за време на пандемијата не доведе до драстично зголемување на невработеноста, што ја прави ЕУ различна од остатокот на светот, особено САД.
Останато
Користењето на вештачка интелигенција е секојдневие во работењето на ИутеКредит

Креирањето на исклучително корисничко искуство на нашите клиенти е мисијата на Иуте Кредит. Како напредна финтек компанија користиме напредни технологии во секојдневното работење особено при услужувањето на клиентите. Нашата мобилна апликација Мој Иуте (MyIute), достапна и преку нашата веб страна, овозможува целосно самоопслужување, независност и дискреција. (more…)
Останато
Дури 40% онлајн продавници во ЕУ користат манипулативни техники

Од 399 онлајн продавници кои властите на Европската унија ги контролираа во претходниот период, дури 148 учествуваат во манипулативен бизнис, соопшти Европската комисија. (more…)
Криптовалути
КРИПТОВАЛУТИТЕ СЕ ПОВТОРНО ИН – Биткоинот порасна за 40% во јануари!

Големите инвеститори повторно почнаа да вложуваат во криптовалути по еден месец на масовен раст на биткоинот од 40 проценти во јануари оваа година. Инвеститорите забележаа прилив од над 117 милиони долари минатата недела, најголем неделен пораст од јули минатата година, според податоците на „CoinShares“. (more…)
- Анализипред 2 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер