Connect with us

Странски банки

ЕК отвори истрага против Словенија за случајот НЛБ

Објавено

на

Европската унија во својот Службен весник објави Одлука да се отвори истрага против Словенија поради сомневање дека ги прикрила штетите на „Нова љубљанска банка“ (НЛБ) спротивно на правилата и обврските на Унијата.

Покрај тоа, со истрагата на Европската Унија треба да се откријат и причините зошто Словенија ја откажала продажбата на НЛБ наспроти договорот од Брисел, пренесува “Јутарњи лист”.

“Рокот за продажба на 50% од споственоста на НЛБ истече на 31 декември 2017 година. Словенија до 30ти ноември 2017 година не избра посредник за продажба на фирмата ќерка на НЛБ на Балканот за продажба на странските подружници” – се вели во соопштението на Европската комисија, која ја обвини Словенија за кршење на одредбите од Договорот за државна помош.

Во одлуката за отворање на истрага е наведена владината помош на Нова љубљанска банка за која Брисел се сомнева дека е против правилата на Унијата, а вкупната вредност на трансакциите кон НЛБ се милијарда и 600 милиони евра.

Ако се докажат сомневањата на комисијата и Словенија биде прогласена за виновна за кршење на правилата за поддршка, НЛБ ќе мора да го врати целиот износ со што би ја загрозила својата ликвидност.

Странски банки

Дојче банк и Комерцбанк во формални преговори за спојување!

Објавено

на

Двете најголеми германски банки, Дојче банк и Комерцбанк, ќе започнат формални преговори за спојување. Оваа најава става крај на шпекулациите кои кружеа низ медиумите изминатиов период. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Raiffeisen bank ja посакува Комерцијална банка!?

Објавено

на

На “радарот” за потенцијални аквизиции на Raiffeisen bank International (RBI), меѓу другите, се наоѓа и Комерцијална банка а.д. Београд, беше откриено на денешната прес-конференција на RBI во Виена. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Се спојуваат два банкарски гиганти, акциите пораснаа до небо!

Објавено

на

Акциите на Дојче банк и Комерцбанк драстично ја зголемија својата вредност, по веста дека раководството на Дојче банк договорило прелиминарни разговори за евентуалното спојување на овие две финансиски институции. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange