Business Woman
Екс министерката за финансии Нина Ангеловска повторно на чело на Асоцијацијата за е-трговија


Поранешната министерка за финансии, Нина Ангеловска, повторно е на чело на Асоцијација за е-трговија на Македонија, функција која ја извршуваше пред да стане дел од Владата.
„По стапувањето на функцијата Министер за финансии, сите тековни ангажмани кои ги имав беа ставени во мирување. Една од нив беше и водењето на Асоцијација за е-трговија на Македонија. Со задоволство и подеднаква пасија и посветеност кон предизвиците, растот и развојот на е-трговијата се враќам како Претседател. Искуството дома и надвор, соочувањето со предизвиците низ годините, бавниот развој на е-трговијата и пасијата за е-трговијата како интегрален дел на дигиталната економија беа поттик за лансирањето на првата Асоцијација за е-трговија во 2017 година.
За речиси три години постигнавме многу. Ја кренавме свеста за значењето и потенцијалот на е-трговијата, придонесовме кон олеснување на патот за е-трговците, кон едукација и многу повеќе. Соработувавме со засегнатите владини институции за регулативата и олеснување на дел од административните процеси. Соработувавме и со меѓународните организации и заедно лансиравме повеќе проекти.
Еден од тие проекти е платформата “Е-трговија за сите” (ecommerce4all.mk), која на едно место ги сублимира сите информации за е-трговците кои им се потребни за започнување и работење е-трговија.
Асоцијацијата веќе брои речиси 100 членови од сите сектори поврзани со е-трговија (банки, компании за достава, маркетинг, ИТ и секако е-трговци) кои помагаат во идентификување на бариерите и заедно работат кон унапредување на е-трговијата.
Во 2018 година ја организиравме и првата конференција за е-трговија под мотото еТрговија: еИднината за еМакедонија!
Оваа година ја организираме третата годишна конференција за е-трговија на 25 и 26-ти ноември, на тема Е-трговија & COVID-19: Предизвици и можности!“, соопшти Ангеловска на својот Фејсбук профил.
Business Woman
Вилма Учета-Дузлевска нов генерален директор на Триглав осигурување живот АД Скопје


Компанијата Триглав осигурување живот АД Скопје доби нов генерален директор и извршен член на одбор на директори. Вилма Учета-Дузлевска ја презема водечката позиција во компанијата по поминати неколку мандати на извршни позиции во областа на осигурувањето во Кроација осигурување. (more…)
Business Woman
Избор на најуспешни жени менаџери


Најуспешните жени менаџери за 2019 година ќе бидат промовирани вечер на манифестацијата што традиционално веќе 24 години ја организира агенцијата „Марили”. (more…)
Business Woman
Многу ентузијазам, малку среќа, Ворен Бафет и милијардата е на дофат…


Во 2002 година, Кендра Скот ја започна својата компанија за накит во својот дом, поточно буквално во резервната спална соба во Остин, Тексас, три месеци откако остана бремена со своето прво дете. Таа била на предвремено породилно отсуство, бидејќи имала комплицирана бременост и лекарите ја советувале да одмара во домашни услови. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Анализипред 2 months
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (прв дел)
- Анализипред 1 month
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (втор дел)
- Банкипред 2 weeks
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Анализипред 2 months
Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје