Connect with us

Домашни банки

ЕКСКЛУЗИВНО: Шпаркасе Банка ја купува Охридска Банка АД Скопје!

Објавено

на

Веќе од поодамна е познато дека Сосиете Женерал се повлекува од Балканот и го продава својот удел во банките во регионот. Неколку банки беа и сеуште се заинтересирани за преземање на капиталот на Сосете Женерал, но една успеа да ја победи конкуренцијата.

Станува збор за Штаермаркише Шпаркасе АГ кој излезе како победник во трката за преземање на капиталот на Охридска банка која досега беше дел од Сосиете Женерал групацијата.

Аквизицијата ќе биде обелоденета во текот на денешниот ден на настан кој веќе е закажан во хотелот DoubleTree by Hilton Skopje во 15 часот. Врвни претставници од менаџментот на австриската банка ќе ја соопшти веста за преземањето, а притоа ќе обелоденат и кои се плановите и стратегиите за понатамошното делување.

Штаермаркише Шпаркасе АГ веќе 11-та година е присутна на македонскиот пазар, откако во 2008 година целосно го откупи мнозинскиот пакет акции од тогашна Инвест банка. Со новата аквизиција, односно купувањето на капиталот на Охридска банка АД Скопје којашто во моментов сеуште е во сопственот на Сосиете Женерал, Шпаркасе ќе прерасне во една од најголемите банки во Македонија.

Охридска банка веќе неколку години одлично работи и го зголемува своето пазарно учество. Растот на добивката е енормен, растат приходите, кредитното и депозитното портфолио исто така се во значителелен пораст, па надополнето со остварувањата на Шпаркасе Банка, се очекува создавање на нов банкарски гигант на пазарот кој ќе биде сериозна конкуренција со моментално водечките три банки Стопанска банка АД Скопје, НЛБ Банка и Комерцијална Банка АД Скопје.

Домашни банки

Со поддршка на НЛБ Банка се одржа Аутдор фестивалот „When in Krusevo“

Објавено

на

Од 14 до 16 февруари Крушево беше домаќин на второто зимско издание на аутдор фестивалот „When in Krusevo“, а НЛБ Банка беше горд спонзор на оваа неверојатна адреналинска авантура. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Охридска банка АД Скопје ќе издава нови 232.076 обични акции со право на глас

Објавено

на

Раководството на Охридска банка АД Скопје донесе предлог одлука за зголемување на акционерски капитал по пат на издавање на обични акции со право на глас. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Јавен повик за учество на Собрание на акционери на Охридска банка АД Скопје

Објавено

на

Врз основа на член 57 од Стаутот на Охридска банка АД Скопје, Надзорниот одбор на Банката го објавува следниот

ЈАВЕН ПОВИК
за 44. седница на Собранието на акционерите
на Охридска банка АД Скопје (more…)

Продолжи со читање

Популарно