Домашни банки
Еко акција на вработените во Комерцијална банка – засадени 5.000 шумски садници


Климатските промени бараат реакција сега и веднаш. Пустошот што им се случи на шумските предели во источниот дел на државата, кои летово беа зафатени од катастрофални пожари, ги натера вработените во Комерцијална банка да излезат на терен и да засадат 5.000 шумски садници на соодветни предели кои бараа итно пошумување.
Еко-акцијата беше организирана од Синдикалната организација при Комерцијална банка, во соработка со Координативното тело за општествена одговорност на Банката. Млади дрвја беа посадени на површина определена од ЈП „Национални шуми” и ПШС „Шумарство” – Св. Николе, која се наоѓа на околу седум километри од Свети Николе. Во самата акција учествуваа и вработени во ПШС “Шумарство”, како и локални жители.
Од Комерцијална банка веруваат дека ова ќе биде нивни значаен придонес во зачувување на животната средина затоа што здравјето и квалитетот на животот се подеднакво важни на сите. Од банката се надеваат дека со оваа акција ќе придонесат и за подигање на општествената свест за потребата од поголема грижа и проактивност за заштита на природата. Впрочем – ПОЛЕСНО Е ЗАЕДНО.
Домашни банки
Се појави лажна Facebook страница под името на Шпаркасе Банка
Домашни банки
“Social Friday” во организација на Синдикатот на финансиски организации на Македонија


Колегите од синдикалните организации на Халкбанк АД Скопје, Комерцијална Банка АД Скопје , Шпаркасе Банка , Стопанска Банка а.д. Скопје, Стопнаска Банка АД Битола, Агенција за Супервизија на Осигурувањата, Фулм и Силк Роад Банка решија да направат позитивни промени и заедно да придонесат кон подобрување на општеството. (more…)
Домашни банки
Извлечени среќните добитници во големата наградна игра „НЛБ за млади“


НЛБ Банка ги извлече среќните добитници во големата наградна игра за станбени кредити „НЛБ за млади“. Педесет (50) клиенти, на возраст до 40 години, на кои во периодот од 1 март до 31 мај годинава им се одобри станбен кредит од НЛБ Банка се среќни добитници на парична награда на износ од 20.000 денари. Средствата ќе бидат уплатени на сметката на одобрениот НЛБ Станбен кредит за кој добитникот на наградата аплицирал во промотивниот период. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје