Connect with us

Електронско банкарство

Економски факултет при УКИМ и АЕТМ преку меморандум за соработка со заеднички заложби за подобра е-трговија во Република Македонија

Објавено

на

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и Економски факултет Скопје, при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” потпишаа меморандум за соработка, со цел заеднички да придонесуваат кон развојот на е-трговијата и развивањето на способностите, дигиталната писменост и градењето на капацитети во секторот за е-трговија во Република Македонија. 

Меморандумот за соработка, што воедно претставува и пристапување на Економски факултет во почесно членство во Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, го потпишаа претседатот на АЕТМ, Д-р Нина Ангеловска и деканот на Економски факултет, проф. Д-р Љубомир Дракулевски.

“Овој меморандум ми претставува посебно задоволство и чест. Едно, затоа што јас лично се градев тука за време на додиполмските и магистерските студии, а потоа и дадов придонес кон науката со мојот докторски труд во полето на е-трговијата. А второ, затоа што едукацијата е клучна за нашата земја и особено за дигитализацијата. Еден од главните предизвици е токму ниската дигитална писменост на населението на кое можеме да работиме заедно со Економскиот факултет” – вели Д-р Нина Ангеловска, претседателот на Асоцијација за е-трговија на Македонија.

Потписниците на Меморандумот, соработката ќе ја остваруват преку споделување на релевантни информации од областа на е-трговијата, заеднички ќе придонесуваат за развојот на соодветни програми од областа на е-трговијата за потребите на корисниците на услугите, како и преку споделување на тековни и нови искуства, релвантни за областа на дејствување и соодветната целна група.

Работата на Асоцијацијата за Е-Трговија е од особено значење за развојот на електронската трговија во Македонската економија како помеѓу крајните корисници така и помеѓу компаниите. Има уште многу работи на кои може да се работи и да се унапредуваат. Економскиот факултет при Универитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје е пионер во едукацијата и развојот на оваа научна област во Република Македонија, и оваа соработка со Асоцијацијата за Е-Трговија е од особено значење за понатамошниот развој и унапредување на состојбите во оваа област.” – изјави Проф. Д-р. Љубомир Дракулевски, декан на Економскиот Факултет, Универзитет “Св. Кирил и Методиј”.

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија продолжува да ја зголемува соработката со високо образовните институции, со цел да ја зголеми вклученоста на професорите а особено студентите во растот и развојот на е-трговијата. Едукацијата е клучен елемент за новокреираната индустрија. Од особена важност е вклучувањето на студентите како носечка алка, во забрзување на развојот на е-трговијата и да придонесе кон поголеми знаења од оваа област како интегрален дел од процесот на дигитализацијата.

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија се стреми кон инклузивна е-трговија, а преку потпишување низа меморандуми со засегнатите страни од областа, има за цел да креира иднина за раст на е-трговијата и успех во рамките на Република Македонија.

Електронско банкарство

Стопанска банка АД Скопје ја исфрла од употреба Windows mobile верзијата на мобилната апликација

Објавено

на

Стопанска банка АД Скопје ги исвестува своите клиенти корисници на мобилната апликација, дека поради значајно намалениот број на корисници на Windows Mobile уреди на пазарот, но и глобално, од 01.03.2019 m-banking апликацијата на Стопанска банка ќе престане да биде достапна за преземање од Windows Mobile Store.

Бесплатната m-banking апликација останува достапна за iOS и Android мобилни уреди и Банката ќе продолжи да инвестира во развој и унапредување на услугите достапни преку истата.

Продолжи со читање

Домашни банки

Нови функционалности во Интернет банката за правни лица на Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје на своите корисници на Интернет банка им овозможи нова опција, а тоа е дека почнувајќи од 01.04.2019 година, Банката ќе ги доставува изводите за тековната сметка во странска валута за правни лица резиденти, придружните обрасци 743 и 1450 и МТ 103 SWIFT пораките, единствено преку Интернет банката за правни лица во делот на Девизен платен промет.

Новите функционалности во Интернет банката за правни лица се достапни бесплатно за сите клиенти кои имаат пристап, без потреба од поседување на токен, и истите нудат повеќе предности во Вашето работење: поголема сигурност, безбедност,  брзина и ефикасност.

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Царинските процедури достапни преку курсеви за електронско учење

Објавено

на

Следејќи ги трендовите на Европска Унија за дигитализација на секој аспект од царинското работење, Царинската управа денес ги промовираше курсевите за електронско учење преведени и прилагодени на македонски јазик.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange