Connect with us

Останато

Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија

Објавено

на

Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија.

Последните податоци за нивото на индустриско производство и услугите покажуваат колку војната во Украина негативно влијае на Европската и Американската економија.

Економскиот раст е серизно погоден од високите стапки на инфлација на глобално ниво. Економиите се соочуваат со нарушен систем на снабдување, кој во комбинација со зголемените каматни стапки негативно влијае на бизнисите. Европа е под дополнителен притисок од можни недостатоци на енергија во претстојната зима.

Германија во четвртокот ја активираше втората фаза од планот во три чекори за покривање на енергетските недостатоци во зима.

Малопродажбата во САД во месец мај забележа пад, за прв пат оваа година, заедно со продажбата на недвижности која веќе 4 месеци по ред е во постојано намалување. Каматните стапки за хипотекарните кредити во САД се на највисоко ниво од 2018 година пренесува „Wall Street Journal”.

Пазарот на труд останува засега стабилен, иако покажува знаци на пад.

Дали светот го очекува рецесија проследена со инфлација и зголемување на невработеноста ?

Останато

Бесими: Не ни треба триумфално решение, туку најоптимално решение за прогресивниот данок

Објавено

на

Низ дебата сакаме да дојдеме до најоптималното решение за прогресивниот данок. Не сум да одиме со триумфално решение, туку со решение прифатливо од сите, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за МИА. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Инфлацијата во Хрватска достигна рекордни 12,3 проценти

Објавено

на

Потрошувачките цени во Хрватска во јули пораснаа 12,3 проценти во однос на истиот месец минатата година, што претставува највисока стапка на инфлација откако Државниот завод за статистика (ДЗС) ги евидентира податоците. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесими за МИА: И да не отворевме дебата за даночните реформи, има закони кои стапуваат во сила од 1 јануари

Објавено

на

И да не ја отворевме дебатата за даночните реформи, има законски решенија кои стапуваат во сила од 1 јануари 2023 година, како што се за оданочувањето на приходите над милион денари годишно и оданочувањето на каматите на депозитите, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за „МИА”. (more…)

Продолжи со читање


Популарно