Connect with us

Компании

ЕИБ ќе ја финансира Nokia со 500 милиони евра за развој на својата 5G технологија

Објавено

на

Европската инвестициска банка (ЕИБ) одобри 5-годишен заем од 500 милиони евра на Nokia за развој на нејзината опрема за 5G технологија. Европската комисија се стреми да поддржува некои од големите технолошки компании во нивната конкуренција против кинеските производители на 5G мобилни мрежи, пишува Financial Times. Одлуката доаѓа неколку месеци откако ЕИБ ја финансира шведската компанија Ericsson од истата причина.

„Треба да се претпостави дека нашите конкуренти се големи, бидејќи можностите пред Huawei и China Mobile се многу. Сега е моментот да се разбудиме и да преземеме активности“, смета Александар Стуб, поранешниот фински премиер, кој во моментов е заменик претседател на ЕИБ.

Инвестирањето на телекомите во новата технологија продолжува активно, откако во почетокот на месецот американскиот мобилен оператор T-Mobile ја избра Nokia за снабдувач на опрема за следната генерација безжични мобилни мрежи 5G, во зделка вредна 3,5 милијарди долари. Nokia и Ericsson ги искористија проблемите на кинеските конкуренти во САД, каде што се случуваат голем дел од првите инвестиции.

„Заемот помага како за развој на 5G, така и за освојување на нови клиенти. Поддршката на ЕИБ нè тера да мислиме дека следната генерација технологија се случува порано од очекуваното“, изјави Раџив Сури, извршниот директор на Nokia.

Nokia ќе го користи заемот за понатамошно развивање на својата визија за 5G – не само за мобилната мрежа, туку и за компјутерските и софтверските услуги кои одат со неа. Финската група очекува растот на следната генерација технологија во САД да се пренасочи и кон Јужна Кореја, Јапонија и Кина во 2019 година. Сури вели дека првично успехот на 5G ќе се почувствува во подобрите услуги за клиентите – како повисока интернет брзина, а подоцна ќе ги подобри и индустриските примени, во кои ќе се имплементира виртуелната реалност.

Технологијата веројатно ќе биде поважна за бизнисот, отколку за корисниците, поради потенцијални примени, како далечинска хирургија, автономни автомобили и подобра автоматизација во фабриките, споделува Стуб.

Компании

Отворен ден на GS1 Македонија: “Дигитализација на македонското стопанство„

Објавено

на

„Онлајн“-трговијата во Македонија е во зачеток, бројот на компании и маркети кои директно ги пласираат своите производи и услуги преку интернет е се уште мал. Во светски рамки, пак, продажбата на далечина е се по застапена и прифатена од крајните потрошувачи, секоја година е се помасовна, а обртот на средства преку „онлајн“-трговијата е се поголем. Овој тренд неминовно ќе ја зафати и нашата држава. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Војна помеѓу eBay и Amazon

Објавено

на

Двете најголеми интернет маркетинг компании влегоа во битка откако eBay официјално покрена тужба против Amazon, во која обвиненува за нефер бизнис практики. Адвокатите на компанијата велат дека биле жртви на „масовна шема за компромитирање на нивниот внатрешен и-мејл систем“. Информациите потоа биле користени од страна на Amazon за привлекување на најпопуларните трговци на eBay.

Според обвинението, овие практики не се нови и веќе неколку години се применуваат, објави „ЦНет“. eBay тврди дека имаат информации за тоа дека десетици вработени на високи позиции во Amazon во САД и Европа се обложуваат на различни методи за да ги одземат најактивните трговци во конкурентна платформа. Во овој случај, станува збор за практиките на двете компании да им овозможат на аутсајдери да ги рекламираат и продаваат своите производи, што во крајна линија доведува до поголем приход.

Необичен е фактот дека, според Amazon, трговците со трета страна генерираат повеќе од 50% од нивниот промет, додека на eBay оваа вредност е 100% поради нивниот специфичен бизнис модел.

Уште е рано да се предвиди што ќе одлучи во судот во овој случај, кој ги соочува двете водечки онлајн платформи за тргување. Западните медиуми коментираат дека овој случај дополнително ќе го заостри конфликтот меѓу компаниите кои веќе имаат прилично затегнати односи.

Продолжи со читање

Компании

Google воведува наплата за YouTube, Google Play и други услуги – цената ќе ја платат производителите на ЕУ?

Објавено

на

Прв пат во својата историја, Google ќе наплаќа лиценци за телефонски производители во Европа за да ги инсталираат своите услуги, како што се Google Play, YouTube или Gmail.

Денес тоа е невозможно да се замисли Android паметен телефон кој во основа нема Gmail, YouTube, и она што е, секако, најмногу важно – Google Play. По паричната казна од 5 милијарди евра, што Google мораше да ја плати на Европската унија, од компанијата одлучија да свртат нов лист кога станува збор за водење бизнис на територијата на Стариот континент.

Врз основа на истрагата спроведена од страна на регулаторното тело на ЕУ, казната за Google следи откако беше утврдено нарушување на конкуренцијата кога станува збор за Андроид. Тоа е практика на компанијата врз основа на барањата кон телефонски производители и пре-инсталирање на основните услуги на компанијата во замена за бесплатно користење на оперативниот систем. Во прописите, меѓу другото, се наведува дека ваквата политика на Google овозможи на компанијата нефер предност во однос на своите конкуренти на пазарот.

Првиот голем чекор кој ќе го направи Google во својата нова политика за корисници во Европа е почеток за давање на лиценци за производители на мобилни телефони во овој дел на светот, кои се планира да продаде уреди со пре-инсталиран оперативен систен на компанијата за услуги од Mountain View.

Добрата вест е дека Android ќе остане бесплатен за сите.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange