Connect with us

Компании

Едулактика ја организира првата крипто конференција “AML in Crypto World”

Објавено

на

Со огромна чест и задоволство ви ја најавуваме новата конференција “AML in Crypto World” организирана од страна на Едулактика во соработка со European Compliance Center.

Поддржана од светски познати предавачи и експерти во своите области кои што своето знаење ќе
го споделат со сите учесници од Европа.

Актуелни теми кои што завземаат се поголемо учество во нашите животи:

– Правна рамка на криптовалутите во Европа/Светот и нивно потенцијално регулирање
– Основи на крипто, блокчејн технологија, како да забележите нелегални активности, Dark Web
– Ризично профилирање, процедури и контроли како да се справите со инхерентниот ризик
– Тактики на истражување и алатки за анализирање и стопирање на крипто криминалот

Предавачи на конференција ќе бидат:

1. Marta Andreeva – Global Compliance Program Manager – Crypto.com
2. Ratko Nikolovski – Chief Technology – ESOF Starter
3. Ian Ross – Associate compliance advisor and trainer – European Compliance Center
4. Alistair Ewing – Technical Lead Cyber and Digital Forensics EMEA – Envista Forensics

Соработката помеѓу Едулактика и European Compliance Center има за цел да понуди високо ниво на услуга преку пренесување на знаење од врвни експерти.

Едулактика се позиционира на пазарот со цел да им помогне на вашите потреби и да ви обезбеди професионални услуги. Ексклузивните партнерства со експерти од различни области ќе ви помогнат да управувате со деловните прашања и ќе ви помогне да ги подобрите вашите перформанси.

Европскиот центар за усогласеност е непрофитна организација водена од мисијата која се занимава со клучни теми за усогласеност во регионот на ЦИЕ. Заедница формирана од водечки специјалисти во својата индустрија, професионалци за усогласеност и академски експерти.

Во некои земји од ЦИЕ, European Compliance Center е првиот центар за усогласеност што ги обединува бизнисите, јавниот сектор, академиците и другите чинители заинтересирани за усогласеност и интегритет.

Конференцијата ќе се одржи на 10 и 11 Ноември 2021 година.

Местата се ограничени.

За повеќе информации и детали за конференцијата како и регистрација на настанот обратете се на info@edulactica.com или на https://vipeventshub.com/.

Компании

Телеком продолжува да ја гради 5G мрежата низ Македонија

Објавено

на

Македонски Телеком продолжува да ја гради 5G мрежата на целата територија на Македонија. Во тек е интензивна работа на терен со партнерот Ериксон за замена на постоечката технологија со опрема од најновата генерација којашто ќе овозможи 5G услуги, поголем капацитет и подобро корисничко искуство. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Драматични загуби на некогаш најбогатиот Кинез

Објавено

на

Акциите на „Алибаба“ незапирливо паѓаат на берзите, а поради тоа драматично се топи богатството на некогаш најбогатиот Кинез Џек Ма. Милијардерот изгубил околу 30 милијарди долари во изминатата година и моментално тежи “само” 38,6 милијарди, наспроти максималното негово богатство од 66,6 милијарди долари кога акциите на неговата компанија „Alibaba“ на берзите беа едни од најскапите и најбараните. (more…)

Продолжи со читање

Компании

ГАЗДА ОД СОНИШТАТА – Живко Мукаетов ќе дава месечен додаток од 1.000 денари за децата на вработените во Алкалоид

Објавено

на

Човечките ресурси се еден од најцврстите столбови на 85-годишниот раст и развој на алкалоидовата успешна приказна, а грижата за вработените е еден од врвните приоритети на компанијата. Во базата на „Алкалоид“ во Скопје има над 2.000 вработени, па посебен предизвик, како и во секоја успешна и амбициозна компанија, е да се одржи високото ниво на организациска култура, фокусот на резултати и високото ниво на етички вредности, особено во услови на функционирање исполнети со голем број непредвидливи економски, политички и пандемиски аспекти. (more…)

Продолжи со читање


Популарно