Connect with us

Останато

Едулактика ја организираше најмасовната обука за усогласеност со Законот за СППФТ

Објавено

на

Едулактика ја продолжува низата на одржани обуки со цел усогласување со Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам.

Во соработка со Нотарската Комора на Република Северна Македонија на 23.06.2021 година и 24.06.2021 година се одржаа специјализирани обуки во кои што учество земаа 174 нотари од целата држава.

Обуката беше соодветно дизајнирана за потребите на нотарите со цел што подобро разбирање на законската регулатива и обврските што произлегуваат од неа. Дополнително целта на обуката беше и ставање на фокус на решавање на проблемите со кои што нотарите се соочуваат во нивното секојдневно работење.

Во иднина Едулактика ќе продолжи со организирање на обуки соодветни на потребите на компаниите, заради постигнување на максимален ефект во нивното работење.

Останато

Бизнисот со топлинска енергија оди во домашни раце – Адора инженеринг на јавна лицитација за 9,3 милиони евра го купи имотот на Топлификација АД во стечај

Објавено

на

Адора инженеринг по пат на јавна лицитација, за 9,3 милиони евра, ги купи Топланите Исток и Запад и најголемиот дел од останатиот имот на Топлификација АД, која е во стечај. Со оваа купопродажба успешно се завршува стечајната постапка на ова претпријатие и се отвара ново светло, поглавје во регулираниот бизнис со производство на топлинска енергија, кој што е од државно значење, односно директно влијае врз екологијата и целокупниот комфор на живеење на граѓаните во главниот град Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Извршниот директор на Тиго Фајнанс, Филип Димитровски, прогласен за еден 40 највлијателни и најуспешни бизнис лидери под 40 години во Југоисточна Европа

Објавено

на

Престижната меѓународна агенција „Business Elite Awards“, на специјална гала свеченост организирана во Истанбул, Турција, му го додели значајното „40 Under 40“ признание за бизнис лидер под 40 години на Филип Димитровски, извршен директор на финансиското друштво Тиго Фајнанс. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Во соработка со ИНФЕ-ОЕЦД и Министерството за финансии на Холандија се засилуваат активностите за спроведување на националната Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија

Објавено

на

Спроведувањето на првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија засилено напредува. Оттука, вчера и денес, финансиските регулатори од земјава предводени од Народната банка во рамките на Координациското тело за финансиска едукација и финансиска инклузија, заедно со Меѓународната мрежа за финансиска едукација при Организацијата за економска соработка и развој (ИНФЕ-ОЕЦД) во соработка со Министерството за финансии на Холандија, организираат работилница, во рамките на програмата на Конституенцата и програмата „Манивајс“ (Money Wise). (more…)

Продолжи со читање



Популарно