Connect with us

Лични финансии

Едноставни правила за успех

Објавено

на

Градење бизнис и претприемништво бара уникатен талент и љубов кон вашата кариера. Станува збор за можност и способност да го откриете вашиот сон.

Постојат многу едноставни правила што можете да ги следите за да станете успешни.

1. Сакајте ја работата

Ако градите кариера или продолжувате да работите на работни места кои навистина не се ваша страст, тоа е краткорочно. Ако навистина го правите она што сакате, ќе бидете покреативни, помотивирани, посреќни и многу поверојатно е да бидете и многу попросперитетни како на финансиски, така и на личен план.

2. Работете напорно

Успехот доаѓа со напорна работа, но никогаш немојте да се залажувате дека успехот ќе дојде сам по себе само со напорна работа. Секогаш постои задоволство од добро завршената работа. Но, запомнете дека треба да се потпрете на другите, затоа бидете сигурни дека сте опкружени со колеги кои ја делат истата работна етика, но и страст кон работата.

3. Бидете се подобри

Успешните луѓе се стремат кон величина, а не кон просечност. Затоа, секогаш стремете се кон достигнување на крајниот максимален потенцијал кој го поседувате и никогаш не се задоволувајте со просечност.

4. Фокусирајте се

Фокусот секогаш носи успех – што не е можно без јасен акцент на она што е најважно. И лидерите постојано треба да се потсетуваат на оваа витална вистина. Фокусот бара потрага по мисија и визија.

5. Поместувајте ги границите

Ричард Бренсон рече: „Премногу луѓе не се истакнуваат во животот затоа што премногу се плашат да ги преземат потребните чекори за да ги постигнат своите соништа. Некои манифестираат страв како заштита од неуспех, други дури и не се обидуваат, верувајќи дека нивните можности се ограничени, додека премногу влегуваат во статус кво состојба“.

Не ограничувајте се на размислување и не дозволувајте стравот да ве спречи во остварување на вашите цели. Денес, луѓето очекуваат повеќе од обично, затоа треба да бидете извонредни за да бидете забележани и да градите цврсти релации.

Лични финансии

ГЛОБАЛНА НЕДЕЛА НА ПАРИТЕ: Ковани пари во оптек

Објавено

на

Македонскиот денар (МКД) е национална валута на Република Македонија пуштена во оптек на 27 април 1992 година. Централната банка на државата – Народната банка на Република Македонија – е единствената институција којашто го издава денарот. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

ГЛОБАЛНА НЕДЕЛА НА ПАРИТЕ: ШТО СЕ ПАРИТЕ И КАКО НАСТАНАЛЕ?

Објавено

на

Од најраните времиња парите се препознаени како стока употребувана како средство за размена или плаќање на сите видови стоки и услуги. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Започнува Глобалната недела на парите 2022: „Градете ја својата иднина, користете ги парите паметно“

Објавено

на

Координациското тело на финансиските регулатори за финансиска едукација и финансиска инклузија, во соработка со асоцијациите и институциите од приватниот и граѓанскиот сектор коишто се активни во доменот на финансиската едукација, десетта година по ред ја одбележуваат Глобалната недела на парите од 21 до 27 март 2022 година. (more…)

Продолжи со читање


Популарно