Connect with us

Домашни банки

Една универзална Mastercard картичка за сите ваши потреби!

Објавено

на

Повлекувајте и дополнувајте ЕВРА на банкомат!

Со новата Mastercard картичката на ПроКредит Банка имате можност за:

  • Плаќања во сите продажни места во земјата и странство;
  • Повлекување и уплата на ДЕНАРИ и ЕВРА на сите банкомати на ПроКредит Банка;
  • Безбедни онлајн плаќања преку интернет.

Mastercard картичката на ПроКредит Банка е мултивалутна картичка поврзана со Вашите трансакциски сметки во МКД и ЕУР. Оваа уникатна карактеристика Ви овозможува да имате пристап до Вашите сметки 24/7 и тоа и за време на празници, неработни денови и викенди. Само со неколку клика на банкомат, Вие може да подигнете евра без да трчате во менувачница и без да чекате ред во работно време на филијалите.

ПроКредит Банка располага со ЕУР банкомат на сите свои локации и тоа: Скопје (Ново Лисиче и Карпош), Куманово, Штип, Струмица, Битола, Струга и Тетово. Банкоматите вршат исплата и уплата на ЕУР во сите апоенски валути.

Картичката ги нуди следниве поволности:

  • Мултивалутна картичка поврзана со Вашите сметки во МКД и ЕУР
  • Плаќајте на сите ПОС терминали насекаде во светот и купувајте и резервирајте патувања преку интернет
  • Бесплатна уплата и исплата на готовина и во нашите 24/7 Зони
  • 3 пати месечно бесплатни исплати на готовина од сите банкомати на други банки во земјата
  • Kористете ја мрежата на MasterCard банкоматите низ светот 3D технологија за сигурност

Се што Ви е потребно е да бидете клиент на ПроКредит Банка и да имате сметка во ЕУР!

За картичката аплицирајте на следниов линк.

Домашни банки

Измени во Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

ТТК Банка преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола – препознатлива по поддршката на бројни спортски настани

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола е веќе препознатлива по значајната поддршка која ја дава за развивање и одржување на спортската култура и спорскиот дух во земјава. Покрај тоа што е единствената банка која е спонзор на Wizz Air Скопскиот маратон 2020 и Женската трка, оваа година банката стана дел и од најважниот и најголем спортски настан во градот Битола – трката ТРЧАЈ БЕ. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка со известување за предвремена исплата на септемвриските пензии

Објавено

на

НЛБ Банка ги известува своите клиенти – пензионери дека ќе ги исплати септемвриските пензии на 28 – ми септември (понеделник). (more…)

Продолжи со читање

Популарно