Connect with us

Странски банки

Еден од најголемите приватни инвестициски фондови бара разрешување на претседателот на “Deutsche bank”

Објавено

на

Американскиот приватен инвестициски фонд “Cerberus” се обидува да го разреши претседателот на “Deutsche bank”, Пол Ахлаjтнер, пренесува CNBC.

“Cerberus” ја загуби довербата во првиот човек на германскиот банкарски гигант и повика на разговори за негово разрешување откако преговорите за спојување на “Deutsche bank” со “Commerzbank” пропаднаа изминатиов период.

Овој американски приватен инвестициски фонд има три проценти удел во акциите на “Deutsche bank”.

Германската банка одби да ги коментира овие информации, први објавени од лондонскиот Financial Times.

Британскиот весник, исто така, објави дека други големи акционери на овaa германска банка како што се членовите на кралското семејство на Катар, чии средства ги управува поранешниот извршен директор на J.P. Morgan Chase, Даг Браунштајн, како и фондот за управување со имот BlackRock, не се задоволни од перформансите на Пол Ахлаjтнер.

Откако, Пол Ахлаjтнер (63) го презеде кормилото и стана претседател на “Deutsche bank” во 2012 година, банката забележа загуби од над 10 милијарди евра, отпушти тројца главни извршни директори и исплати 83 милиони евра за опремнина на 17 директори со цел да ја напуштат банката. Исто така, започна пет нови стратегии и собра 20 милијарди евра нов капитал, но цената на нејзините акции се намали за повеќе од 73 проценти.

Сепак, иако другите големи акционери би сакале г-дин Ахлаjтнер да се повлече од функцијата пред да заврши неговиот мандат во 2022 година, тие не се убедени дека сега е вистинското време за промена, бидејќи негово повлекување ќе значи уште потежок период за банката и дополнително намалување на вредноста на акциите.

Извори на CNBC велат дека Ахлаjтнер, и покрај незадоволството на големите акционери, нема намера да се повлече од функцијата и планира да остане на должноста до крајот на својот мандат во 2022 година, и следната година под негово раководење да ја одбележи 150-годишнината на “Deutsche bank”.

Странски банки

Дали конечно турската централна банка ќе ја зголеми основната каматна стапка со цел намалување на енормната инфлација!?

Објавено

на

Комитетот за монетарна политика на турската централна банка на 18 август ќе одлучи дали ќе ја промени главната каматна стапка, пренесува турската државна телевизија „ТРТ Хабер”. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Русија почнува со етапно пуштање на својата дигитална рубља

Објавено

на

Централната банка на Русија откри дека започнала со тестирање на својот проект за дигитална рубља и дека ќе биде претставен со нови функции од 2023 година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Добивката на најголемата европска банка се намали за 15 проценти во првото полугодие на 2022 година

Објавено

на

Најголемата европска банка „HSBC Holdings” објави пад на профитот од 15 проценти во првото полугодие, бидејќи резервите за покривање на потенцијалните загуби од кредитите значително го надминаа растот на нето каматниот приход. (more…)

Продолжи со читање


Популарно