Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Еден од најголемите критичари на Светската банка стана нејзин претседател

Објавено

на

Дејвид Малпас по номинацијата на Претседателот на САД, беше избран за претседател на Светска Банка.

Неговиот избор едногласно го потврдија 25-те членови на Извршниот одбор на Светската банка и Малпас на 9-ти април ќе го започне својот петгодишен мандат, заменувајќи го Џим Јонг Ким, кој неодамна поднесе оставка, три години пред истекот на мандатот.

Еден од приоритетите на новиот претседател на Светската банка ќе биде да преземе конкретни акции за поддршка на проекти со кои ќе се намали сиромаштијата на глобално ниво.

Инаку, Дејвид Малпас во администрацијата на Трамп, ја вршеше функција на потсекретар за меѓународни работи во Министерството за финансии.

Тој беше долгогодишен критичар на политиката на Светската Банка за кредитирање, како и на Меѓународниот монетарен фонд,па останува да видиме дали ќе ги промени работите во позитивна насока сега откако е избран за претседател.

Меѓутоа, во рамките на своето министерство, Малпас минатата година помогна на Светската банка да обезбеди поддршка од 13 милијарди долари.

Останато

Јовановиќ: Мислев дека “метлата” требаше да ги фати оние кои работеа за личен интерес и местеа милионски тендери

Објавено

на

Поранешниот советник во Министерството за финансии, Бранимир Јовановиќ, се огласи по повод промената која ја најави премиерот Зоран Заев за смената на Министерот за финансии, Драган Тевдовски. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Истражување – Колкави се просечните месечни нето примања во ИТ секторот?

Објавено

на

Во периодот од 6 февруари до 6 март 2019 година, македонскиот портал за информатичка и комуникациска технологија IT.mk спроведе опсежна анкета за состојбата на македонската ИТ работна сила. Анкетата, во која земаа учество повеќе од илјада професионалци од ИТ индустријата, прикажува клучни факти за програмерите, девелоперите, графичките дизајнери и професионалците од областа на дигиталниот маркетинг во Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Вчера во Битола се отвори нов мултифункционален комплекс „СН СООБРАЌАЕН ЦЕНТАР” Инвестиција вредна 5,5 милиони евра

Објавено

на

Вчера во Битола СН Осигурителен Брокер АД Битола отвора нов мултифункционален комплекс „СН СООБРАЌАЕН ЦЕНТАР”, единствен од ваков тип на територијата на Битола и околината. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange