Connect with us

Останато

Еден од најголемите инвестициски фондови ја заврши 2018 година далеку под очекувањата

Објавено

на

Еден од најголемите инвестициски фондови „Беркшир Хатавеј“ во сопственост на влијателниот американски милијардер Ворен Бафет, во изминатата година оствари добивка од 4 милијарди долари, користејќи општо прифатени сметководствени принципи најчесто нарекувани “GAAP”, покажува годишниот финансиски извештај на компанијата за 2018 година.

Според извештајот, профитот на компанијата е далеку под очекувањата на аналитичарите со оглед дека има намалување за неверојатни 91% во однос на истиот период од претходната 2017 година, кога профитот изнесувал енормни 44,9 милијарди долари.

Во првиот и во последниот четврти квартал, „Беркшир Хатавеј“ објави загуби од 1,1 милијарда долари и 25,4 милијарди долари соодветно. Во вториот и третиот квартал, компанијата забележа добивка од 12 милијарди долари и 18,5 милијарди долари соодветно.

Во извештајот се посочува дека загубите на „Беркшир Хатавеј“ се делумно поради значителниот пад на вредноста на акциите на некои клучни активи од портфолиото на компанијата, како инвестициите во „Епл“, лошите инвестиции во Крафт Хајнц, како и новото правило за GAAP, спред кое се бара од компанијата да ја вклучи последната ставка од заработувачката.

Според аналитичарите, загубите на компанијата во најголем дел се поради падот на вредноста на компанијата „Крафт Хајнц“, во која „Беркшир“ поседува 26% од акциите.

„Крафт Хајнц“ соопшти дека отпишала 15 милијарди долари од своите сметки, по што акциите на компанијата во петокот се намалија за 27%, односно тоа значеше загуба од 20,6 милијарди долари на „Беркшир Хатавеј“ поради намалување на износот на нереализирани капитални добивки.

Сепак, големиот Ворен Бафет не е загрижен и тој дава неколку добри совети на своите инвеститори. Притоа, тој смета дека биле задоцнети потезите со поставување на Ајт Џаин како предводник на сите активности за осигурување и Грег Абел кој што доби целосно овластување над сите останати операции, но дека компанијата сега е далеку подобро управувана отколку кога тој самиот вршел надзор на сите операции. Тој изјави дека Џаин и Грег имаат ретки неверојатни таленти, и дека Беркширова крв тече низ нивните вени.

Со оглед дека Ворен Бафет е инвеститор на долги патеки и не се раководи со краткотрајни квартални или годишни остварувања, ги советуваше акционерите и инвеститорите со една моќна изјава:

“Фокусирајте се на шумата, заборавете ги дрвјата”, истакна Бафет.

Со тоа тој сакаше да им даде до знаење на инвеститорите дека тоа била „нормална бизнис стратегија на компанијата“ и притоа нагласувајќи им да не се преокупраат на деталите на дејноста на многубројните и разновидни активи на компанијата, таканаречени „економски дрвја“ и да се фокусираат на целосниот долгорочен профит на фондот.

Останато

Соработката помеѓу Асоцијацијата за е-трговија, Царинска управа и ДХЛ покажува резултати!

Објавено

на

Според последните достапни податоци од НБРМ кои се однесуваат на третиот квартал од 2018 година, со платежни картички се направени трансакции во вредност од 100 милиони евра за купување онлајн што претставува 28% пораст во однос на истиот период минатата година. Од направените онлајн купувања најголем дел (63%) биле потрошени за купувања од странски е-трговци или скоро 63,34 милиони евра. Големината на вредноста на средства потрошени кон странски е-трговци покажува и колку е значајно поедноставувањето на увозните постапки.

Со поедноставувањето на увозните постапки за брзи пратки крајните корисници ќе заштедат време, ќе се зголеми ефикасноста при испорака на пратки и ќе се избегнат административните процедури кои беше потребно да се обезбедат од страна на примачот пред да се подигне пратката.

Новата постапка за царинење на брзите пратки претставува поедноставување на самата царинска постапка за пратките коишто доаѓаат преку брзите пошти. 

Имено граѓаните и фирмите кои добиваат роба од интернет, во иднина нема да мораат да доаѓаат на царина како би извршиле декларирање, подигање и плаќање на самиот царински долг. Во овој случај брзите пошти стануваат декларант, со што се скратува постапката за царинско ослободување на стоката која доаѓа преку интернет и се овозможува скратување на времето за испорака, кое во некој просек досега се движише од околу 72 часови, а сега од 72 часови ќе се намали на 24 часови. – изјави директорот на Царинската управа, г-дин Ѓоко Танасоски

ДХЛ Експрес Македонија е првиот овластен декларант преку кој може да се овозможи оваа поедноставена постапка. ДХЛ ќе добиваат информации за какви пратки се доставуваат уште пред истите да бидат пристигнати во Македонија. Всушност додека пратката се транспортира од одредена адреса во Македонија, по претходно одобрување од страна на крајните примачи на пратките, ДХЛ Експрес Македонија во име на примачот ќе може да ги извриши сите административни работи за пријавување и царинење на стоката и подмирување на царинскиот долг, со што по пристигнување на пратката истата веднаш ќе се испорачува до примачот. Со ова ќе се зголеми ефикасноста при испорака на пратки, а крајниот примач ќе биде ослободен од административни процедури, без разлика од која вредност е пратката.

Сведоци сме дека пратки од ЕУ до нас пристигнуваат за 12 до 18 часа, но притоа за спроведување на постапката за увозно царинење и достава до крајниот корисник, потребни се не ретко 48-72 часа. Конкретно физичките лица за да оцаринат пратка којашто е пристигната во Р. Македонија за нив, трошеа многу време, пополнуваа многу документи, административните постапки беа многу долги. Сега со добивањето на одобрението всушност очекуваме дека ова време ќе биде скратено најмалку за 24 часа, притоа ќе им заштеди време во транспорт, логистика, пополнување на документи и секако правење на дополнителни трошоци за истото. Всушност ДХЛ Експрес Македонија ќе се јави како нивни застапник пред Царинаската управа, ќе ги плати сите потребни давачки во нивно име и следното утре пратката ќе ја достави на нивна адреса. – вели Биљана Мановска Наунчевска, оперативен менаџер на ДХЛ Експрес Македонија.

АЕТМ од своето основање работеше на мапирање на пречките, бариерите, предизвиците кои што стојат на патотот на развој на е-трговијата и секако на формирање на препораки. Со потпишување на меморандуми за соработка со клучните институции помогна за поттикнување на промени кои се однесуваат кон подобрување на е-трговијата.

Оваа промена за поедноставување на увозните постапки за брзи пратки повеќе се однесува на побарувачката во е-трговија, односно кога граѓаните прават онлјан нарачки на производи од странство. Не радува што Царинската управа е отворена за промена и се надевам дека ова е само една од низата промени кои ќе следат. Во текот на оваа година ќе бидеме фокусирани да иницираме повеќе промени коишто ќе значат и промени на страната на понудата, односно да ја зголемиме конкурентноста на домашните компании и да им го олесниме патот за да нивните производи може полесно да ги продадат и пласираат и на странски пазари, истакна Нина Ангеловска, претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Продолжи со читање

Останато

ССК: Домашните компании недоволно соработуваат со компаниите во зоните со потенцијал за раст

Објавено

на

Да се интензивира соработката на домашните компании со инвеститорите во слободните економски зони, преку пренесување на знање, технологии, менаџерски вештини во насока на зајакнување на нивната конкурентност, како и можности за отворање на пазарот надвор од државата, беше истакнато на денешната прес конференција на Сојузот на стопански комори (ССК). (more…)

Продолжи со читање

Останато

Регионална конференција за социјално претприемништво

Објавено

на

Завршен настан од проектот „Смарт Старт: Оддржливо влијание на граѓанските организации од Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Турција преку социјално претприемништво и социјални иновации” ќе се одржи денеска во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange