Компании
ЕВРОХОЛД обезбеди 80,5 милиони евра преку нова емисија на акции

ЕВРОХОЛД, најголемиот јавен холдинг во Бугарија и една од водечките независни бизнис групи кои делуваат на територијата на Централна и Југоисточна Европа , обезбеди финансиски средства во вредност од 157 милиони лв (80.5 милиони Еур) преку нова емисија на акции преку Бугарската берза. Новата емисија на акции се одвиваше во периодот од 9 Јуни и 7 Јули и наиде на силен интерес како кај домашните така и кај странските инвеститори кои запишаа и уплатија цца 63 милиони нови акции.
Со оваа понуда ЕВРОХОЛД се стекна со средства за 24% повеќе од потребните 65 милиони Еур за превземање на подружниците на Групацијата CEZ во Бугарија и ќе го зголеми својот капитал на 260.5 милиони акции по што пазарната капитализација на ЕВРОХОЛД ќе изнесува 332 милиони Евра.
Starcom Holding, најголемиот акционер на ЕВРОХОЛД, се стекна со 47 милиони нови акции и останува мнозински акционер со преку 50% удел во компанијата. Водечки американски инвеститор се стекна со 9% акции во ЕВРОХОЛД со што стана 3 водечки акционер заедно со Starcom и KJK. Инвестициски посредник за пласманот со новите акции беше Euro-Finance AD, а Renaissance Capital ја имаше улогата на финансиски советник на ЕВРОХОЛД за оваа понуда.
Средтвата кои се обезбедија ќе се искористат за да се финансира превземањето на подружниците на Групацијата CEZ во Бугарија и за дополнителни инвестиции во развојот на двете главни деловни активности – енергетиката и осигурувањето. “Ќе ја поддржиме инвестициската програма на нашите нови подружници во енергетскиот сектор и ќе се фокусираме на подобрување на профитабилноста на холдиингот и проширувањето на осигурителниот бизнис” – истакна Kирил Бошов, претседател на управниот одбор на Еврохолд.
Следната фаза на превземање на подружниците на Групацијата CEZ ќе биде финансирана од сопствен капитал и преку кредитирање, а се очекува да биде завршено до крајот на Јули 2021. Кредитирањето ќе биде организирано од J.P. Morgan преку група на кредитори со веќе потврдено учество на големи меѓународни банки.
Компании
Зголемени платите на вработените во КАМ за 25% во споредба со лани

КАМ доследно ја имплементира својата стратегија на континуирано вложување во вработените, а како резултат на тоа бележи раст на платите на своите вработени за 25 отсто во споредба со септември минатата година. Последното зголемување се однесува на вработените во администрација каде просечната исплатена месечна нето плата изнесува 53.000 денари. (more…)
Компании
АЕТМ објавува нов Jавен повик за зајакнување на дигиталните вештини и отварање нови е-продавници: „Дигитално подготвени за е-трговија“

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – AETM, во рамки на проектот „Дигитално подготвени за Е-Трговија” објавува Јавен повик за учество на заинтересирани компании во програмата за поддршка на микро, мали и средни претпријатија и регистрирани индувидуални производители кои доаѓаат од следниве три сектори: (more…)
Компании
ЕОС Матрикс: Зголемени инвестициите во откуп на побарувања во корпоративниот сектор

Инвестициите во откуп на побарувања од корпоративниот сектор на ЕОС Матрикс се зголемија повеќе од двојно, споредено со претходниот период. Само во последната година компанијата инвестираше нешто околу 1 милион евра во побарувања од овој тип. (more…)
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 1 month
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Граѓанската обврзница може да се купи во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка
- Анализипред 2 weeks
АНАЛИЗА: Македонските банки со рекордни профити, но далеку зад банките во регионот