Connect with us

Останато

Еврото слави годишнина – 20 години постоење!

Објавено

на

Денес, европската валута (Еврото) полни 20 години од своето постоење на валутниот пазар. По повод одбележувањето на втората деценија на европската заедничка валута за земјите во Европската Унија, значајно е да се посочи дека Еврото успеа да ја преживее и надмине катастрофалната криза со суверениот долг и Европските политички превирања.

По 20 години, Еврото прерасна во една од најсилните и најстабилни светски валути, валута без која е незамисливо тргувањето на сите светски берзи.

Кратка историја

Економската и монетарната унија беше идеја за која сериозно се дискутираше уште во почетокот на 60-тите години од минатиот век, но глобалните политички и економски превирања застанаа на патот. Сепак, во 70-тите, земјите-членки на она што стануваше Европската унија се согласија да ги намалат валутните флуктуации меѓу монетарните единици, а во 80-тите години беше воспоставен Европскиот монетарен систем, поврзувајќи ги валутите во обид да се ограничат флуктуациите.

Напорите беа засилени и редефинирани во текот на годините, понекогаш создавајќи превирања, како што беше исфрлањето на британската фунта познато како “Црна среда за фунтата” од она што тогаш беше познато како механизам на европскиот девизен курс во 1992 година.

По долги и напорни денови, месеци и години на преговарање, Еврото како валута беше промовирано на 1 јануари 1999 година, по Договорот од Мастрихт истата година. Еврото првично беше само виртуелна валута што се користеше во сметководствените и финансиските трансакции.

Три години откако беше користена само како виртуелна валута, беа испечатени првите книжни банкноти и монети со што еврото доби физичка реалност. Денес, Еврото го користат повеќе од 340 милиони луѓе во 19 европски земји.

Сепак, валутата не беше веднаш добро прифатена кај повеќето земји по нејзиното воведување, бидејќи тоа беше доживеано како несакано зголемување на цените. Во Германија еврото дури доби и прекар “teuro”, што во превод значи – скапо.

Сепак, населението во ЕУ брзо ја прифати оваа валута за што доволно говори испитувањето на јавното мислење спроведено во ноември од страна на Европската централна банка (ЕЦБ) кое покажа дека 74 проценти од еврозоната сметаат дека еврото е добро за ЕУ, а 64 проценти изјавиле дека тоа е добро за нивната земја.

Еврото сега се рангира како втора светска валута, но сé уште не може да ја доведе во прашање доминацијата на американскиот долар.

Што е следно за Еврото?

Со напуштањето на Квантитативното олеснување, кое го најави Марио Драги, сега инвеститорите чекаат ЕЦБ да ги зголеми каматните стапки. Аналитичарите велат дека ова би требало да му даде на еврото убаво мало вето, исто како што монетарното затегнување на Федералните резерви го засили зелениот долг во 2018 година.

Сепак, Драги е внимателен да не ветува предвреме зголемување на каматните стапки пред се поради забавениот раст на еврозоната. ЕЦБ вети дека ќе ги напушти стапките на сегашното ниво барем во текот на летото следната година, за кога се очекува тие да доживеат зголемување.

Во целина, економијата во еврозоната не прави конкретни чекори за премногу силно да се влезе во Новата Година, но некои учесници на пазарот веруваат дека еврото изгледа “евтино” и дека забавувањето на американската експанзија би можело да влијае инвеститорите позитивно да гледаат на Европскиот маркет во втората половина од 2019 година.

Останато

Растат онлајн купувањата од странство кон домашните е-трговци!

Објавено

на

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ ги анализираше објавените податоци од Народната Банка на Република Северна Мкаедонија, кои се однесуваат на број и вредност на реализирани е-трансакции со странски платежни картички кон домашни е-трговци со цел да даде слика каде најчесто имателите на картички од странство купувале онлајн во Македонија во текот на 2021 година. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесими: Ребаланс за заздравување на економијата и поддршка на граѓаните и стопанството

Објавено

на

Нови дополнителни 76 милиони евра за мерки за заштита на стандарот на граѓаните и поддршка на стопанството се обезбедуваат со ребалансот на Буџетот, како средства за заштита или резерва и во случај на потреба ќе влезат во нов пакет мерки. Се обезбедуваат и дополнителни 52 милиони евра за субвенции за земјоделците, информираше денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ММФ: Украина може да ја избегне хиперинфлацијата, најважен е тајмингот на помошта

Објавено

на

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, денеска изјави дека „станува пооптимистична” дека договорот меѓу седумте најголеми светски економии од Г7 за обезбедување нови буџетски средства за Украина ќе и помогне на земјата да избегне хиперинфлација. (more…)

Продолжи со читање


Популарно