Останато
Евростат: Невработеноста во еврозоната се намали на 7,4 проценти


Стапката на невработеност во еврозоната во декември се намали и стигна до ниво од 7,4 проценти, со што го достигна најниското ниво од мај 2008 година, објави Европското биро за статистика „Eurostat”.
Оваа бројка е подобра од предвидувањата на аналитичарите, кои на давателот на финансиски услуги „FactSet” му порачаа дека очекуваат дека стапката на невработеноста да биде 7,5 проценти, исто колку што беше во ноември.
Откако во септември 2016 година, стапката на невработеност во еврозоната се намали под симболични 10%, оттогаш па наваму константно е во опаѓање.
Во моментот на најтешката должничка криза, невработеноста во април, мај и јуни 2013 година достигна рекордно високо ниво од 12,1%.
Меѓу 19-те земји во еврозоната, Германија и Холандија имаа најниска стапка на невработеност (3,2 проценти) во декември.
На другиот крај на скалата, највисоки стапки на невработеност има во Грција (16,6% во октомври, бидејќи нема податоци за декември) и Шпанија (13,7%).
Останато
Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии


Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)
Останато
Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години


Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)
Останато
Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија


Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје