Останато
Евростат: Европската економија нагло забави во четвртиот квартал од 2021 година


Економската активност во ЕУ и еврозоната нагло забави во четвртиот квартал од 2021 година, пред се, како одраз на слабеењето на повеќето водечки економии поради ширењето на сојот омикрон, покажа денеска најновиот извештај на „Евростат”.
Сезонски прилагодениот бруто-домашен производ (БДП) на ЕУ во четвртиот квартал порасна за само 0,4 отсто во однос на претходните три месеца, кога имаше раст од 2,2 отсто, покажува прелиминарната проценка на Европскиот завод за статистика.
БДП на еврозоната, исто така, забележа благ раст во последниот квартал од 2021 година, за 0,3 отсто во споредба со претходниот квартал кога порасна за 2,3 отсто.
Во споредба со истиот квартал претходната година, сезонски прилагодениот БДП на ЕУ порасна за 4,8 отсто, по растот од 4,1 отсто во периодот јули-септември.
Во еврозоната порасна за 4,6 отсто, по растот од 3,9 отсто во претходниот квартал.
Во текот на 2021 година, активностите во двете области се зголемија за 5,2 отсто.
Меѓу земјите чии податоци беа достапни,на квартална основа на крајот на минатата година најмногу порасна шпанската економија и тоа за два отсто.
По неа следат Португалија и Шведска со раст на активноста во четвртиот квартал од 1,6 односно 1,4 отсто, во однос на периодот јули до септември.
Активностите во француската и италијанската економија нагло забавија, на 0,7 и 0,6 отсто, иако во летниот квартал имаа раст од 3,1 и 2,6 отсто, соодветно.
Со пад на активноста од 0,7 отсто, Германија, пак, заедно со Австрија и Летонија ја формираше малата група земји од ЕУ шрто имаат квартален пад на БДП.
Според „Евростат”, на годишно ниво сите земји од ЕУ имаат раст на БДП, а најсилен растот е во Италија, со стапка на раст од 6,4 отсто.
Следува Шведска со 6,1 отсто и Португалија со 5,8 отсто. Во Франција економијата порасна за 5,4 отсто, а во Шпанија за 5,2 отсто. Според Евростат, најслаб е растот на германската економија, за 1,4 отсто.
Останато
Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии


Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)
Останато
Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години


Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)
Останато
Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија


Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје