Останато
Евростат: БДП на еврозоната зголемен за два проценти во однос на првиот квартал

Според првата проценка на статистичката служба на ЕУ објавена претходната недела, бруто домашниот производ (БДП) на еврозоната се зголеми за два проценти во периодот од април до јуни во споредба со првиот квартал годинава.
Економските активности во областа на единствената валута на еврото се зголемија за 13,7 проценти во споредба со истиот период во 2020 година, објави „Евростат”.
Во почетокот на 2020 година, имаше голем пад на БДП откако земјите ги затворија своите граници како одговор на пандемијата на коронавирус. Во вториот квартал од минатата година беше забележан најостриот пад од почетокот на рекордите на Еуростат во 1995 година. Со затворањето на земјите од евроблокот, економијата потона за повеќе од 11 проценти во еврозоната и ЕУ. Сепак, оваа година економските изгледи се попозитивни.
Во Европската унија, БДП порасна за 1,9 проценти во вториот квартал оваа година, и за 13,2 проценти на годишна основа, објави Еуростат.
Во одделна проценка на „Евростат”, инфлацијата во еврозоната се очекува да порасне за 2,2 проценти во јули и за 1,9 проценти во јуни. Агенцијата исто така објави дека стапката на невработеност во еврозоната паднала на 7,7 проценти во јуни, наспроти осум проценти во претходниот месец. Во ЕУ, стапката падна на 7,1 процент, од 7,3 проценти во мај.
Останато
Користењето на вештачка интелигенција е секојдневие во работењето на ИутеКредит

Креирањето на исклучително корисничко искуство на нашите клиенти е мисијата на Иуте Кредит. Како напредна финтек компанија користиме напредни технологии во секојдневното работење особено при услужувањето на клиентите. Нашата мобилна апликација Мој Иуте (MyIute), достапна и преку нашата веб страна, овозможува целосно самоопслужување, независност и дискреција. (more…)
Останато
Дури 40% онлајн продавници во ЕУ користат манипулативни техники

Од 399 онлајн продавници кои властите на Европската унија ги контролираа во претходниот период, дури 148 учествуваат во манипулативен бизнис, соопшти Европската комисија. (more…)
Криптовалути
КРИПТОВАЛУТИТЕ СЕ ПОВТОРНО ИН – Биткоинот порасна за 40% во јануари!

Големите инвеститори повторно почнаа да вложуваат во криптовалути по еден месец на масовен раст на биткоинот од 40 проценти во јануари оваа година. Инвеститорите забележаа прилив од над 117 милиони долари минатата недела, најголем неделен пораст од јули минатата година, според податоците на „CoinShares“. (more…)
- Анализипред 2 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер