Странски банки
Европјаните согласни: “Нека се укинат непотребните кованици”


Европската комисија ги пофали резултатите од најновото истражување на „Eurobarometar”, според кое јавната поддршка за еврото достигна највисоко ниво досега.
Дури 80 проценти од испитаниците, од вкупно 17.700 од 19 земји-членки на еврозоната, според истражувањето спроведено на крајот на март, сметаат дека еврото е добро за ЕУ, а 70 проценти сметаат дека е добро за нивната земја.
Во исто време, се поголем број граѓани ги поддржуваат правилата за заокружување и укинување на монетите од еден и два центи, за кои претходно беше спроведена посебна јавна консултација, а голем дел од испитаниците сметаат дека овие монети се непотребни и беззначајни.
„Истражувањето на „Eurobarometar” покажува дека 67 проценти или две третини од јавноста се залага за укинување на монетите од еден и два центи со задолжително заокружување на крајниот износ за купување при плаќање во готово. За тоа постои мнозинска поддршка во сите 19 земји”, се посочува во соопштението.
Според отворената јавна консултација за правилата на заокружување, 72 проценти од испитаниците сметаат дека монетите од еден и два центи не се корисни, а скоро ист процент сметаат дека правилата за заокружување треба да се воведат во следните пет центи.
Истото важи и за прашањето дали правилата за заокружување треба да бидат задолжителни и усогласени во еврозоната.
Патем, еврото денес се користи како валута од околу 342 милиони граѓани на ЕУ, а во пет земји од еврозоната (Финска, Холандија, Ирска, Италија и Белгија) со околу 100 милиони жители, правилата за заокружување на крајниот износ на набавка за плаќања во готовина се веќе применети.
Странски банки
„Fitch” го намали кредитниот рејтинг на „Credit Suisse”


„Credit Suisse” доби намалување на кредитниот рејтинг од реномираната компанија за кредитен рејтинг „Fitch”. (more…)
Странски банки
ЕИБ ќе обезбеди насочена поддршка за регионалните економии за справување со негативните ефекти од актуелната криза


Во соработка со Народната банка на Северна Македонија, Европската инвестициска банка (ЕИБ) ја коорганизираше 8. меѓународна истражувачка конференција на тема Јакнење во време на криза: улогата на политиките, по повод 30 години монетарна самостојност на државата. Настанот се занимаваше со актуелните предизвици несигурност што произлегува од прилагодувањата на политиките по пандемијата и политичкиот одговор потребен за справување со зголемените стокови и енергетски шокови предизвикани од војната во Украина. Тој ја илустрираше засилената соработка на ЕИБ со нејзините партнери во Северна Македонија и постојаната поддршка што банката ја дава за економската стабилност на земјата и процесот на интеграција во ЕУ повеќе од 40 години. (more…)
Странски банки
Светска банка: Војната предизвикува најголема економска штета во Источна Европа и Азија


Светската банка ја намали прогнозата за глобалниот економски раст поради војната во Украина. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје