Connect with us

Компании

Европски фондови за зголемување на конкурентноста

Објавено

на

На прес-конференцијата на Стопанската комора на Македонија беа истакнати проектите кои имаат за цел зголемување на конкурентноста на македонските компании, а се реализираат преку програмите на Европската унија (9.7.2018 година). Зголемување на конкурентноста е еден од главните приорите на комората.

„Како резултат на малата искористеност на европските фондови од страна на компаниите, Комората користејќи ги своите можности и капацитети во моментот реализира бројни проекти кои се во насока на поддршка на поединечни сектори, зависно од расположивите програми на Европската унија, креирајќи дополнителни можности за самите компании да го подигнат својот капацитет, да го зголемат капацитетот на своите вработени или конкретно да им се помогне на компаниите да креираат нови иновативни производи кои се барани на европските пазари, или нови технолошки процеси кои ќе ги задоволат стандардите и барањата за конкурентни извозни можности“, – истакна Јадранка Аризанковска, виш советник во Стопанската комора на Македонија.

Активностите што ќе се реализираат во следниот период се планирани во повеќе области со цел постигнување поголем број од резултатите предвидени да се постигнат со реализација на проектот. Така, еден сегмент на дејствување е кон натамошно подобрување на вештините на градежните работници за градење енергетски ефикасни објекти преку обука и преквалификации, со цел да се постигнат параметрите на ЕУ „Стратегијата 2020“ за енергетска ефикасност. Во таа смисла, Проектот „TRAINEE“ ги надградува веќе постигнатите резултати во претходните два реализирани проекта од страна на Стопанската комора на Македонија како што беше Проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност 2014-2016“, каде повеќе од 300 работници поминаа обука за градење на енергетски ефикасни објекти и повеќе од 1000 работници се здобија со сертификат за поседување вештини за енергетска ефикасност во градби врз база на моделот за препознавање на претходно стекнати вештини. Во рамките на првиот проект „Градење на вештини за енергетска ефикасност 2012-2013“ беа реализирани и  развиени тренинг шеми и проширување на обуките и на градежните професионалци – архитекти, инженери и техничари. И двата проекта придонесоа за подигање на капацитетите на градежните работници за енергетска ефикасност во градби.

Во Проектот (TRAINEE), а со цел да се постигне мултидисциплинарен пристап кај одржливото градење, ќе биде иницирана примената на алатки за информациско моделирање на градби (BIM-building information modeling) на национално ниво. Примената на „БИМ“-алатката, што е едно од барањата на новите правила за јавни набавки на Европската комисија, во доменот на градежништвото, ќе се спроведе со иницирање широка акција за подигање на свеста кај сите засегнати страни од градежниот сектор (градежните компании, инженерите, архитектите, работниците), но и инвеститорите и одговорните владини институции, како и крајните корисници на објектите, преку низа активности, работилници, семинари и други промотивни настани. Целта е преку примената на „БИМ“-алатките да се постигнат и да се прикажат енергетските заштеди кои се резултат од примената на мерки за енергетска ефикасност во процесот на градење.

Преку бројни активности, како што се информативни настани и форуми по одредени теми од интерес на компаниите, преку ваучер-шемата каде компаниите добиваат конкретна поддршка во имплементација на одредена законска регулатива, преку веќе воспоставениот агрегатен портал бизнисрегулатива.мк каде компаниите добиваат информации поврзани со законите во РМ и поддршка во нивната имплементација, преку воспоставување на јавно приватен дијалог со владините институции со цел презентирање на конкретни проблеми со кои се соочуваат компаниите од аспект на проблеми во имплементација на законите и нивно решавање, и преку конкретни компаративни анализи и предлог-конкретни решенија овој проект цели кон воспоставување на подобро бизнис опкружување.

Компании

Отворен ден на GS1 Македонија: “Дигитализација на македонското стопанство„

Објавено

на

„Онлајн“-трговијата во Македонија е во зачеток, бројот на компании и маркети кои директно ги пласираат своите производи и услуги преку интернет е се уште мал. Во светски рамки, пак, продажбата на далечина е се по застапена и прифатена од крајните потрошувачи, секоја година е се помасовна, а обртот на средства преку „онлајн“-трговијата е се поголем. Овој тренд неминовно ќе ја зафати и нашата држава. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Војна помеѓу eBay и Amazon

Објавено

на

Двете најголеми интернет маркетинг компании влегоа во битка откако eBay официјално покрена тужба против Amazon, во која обвиненува за нефер бизнис практики. Адвокатите на компанијата велат дека биле жртви на „масовна шема за компромитирање на нивниот внатрешен и-мејл систем“. Информациите потоа биле користени од страна на Amazon за привлекување на најпопуларните трговци на eBay.

Според обвинението, овие практики не се нови и веќе неколку години се применуваат, објави „ЦНет“. eBay тврди дека имаат информации за тоа дека десетици вработени на високи позиции во Amazon во САД и Европа се обложуваат на различни методи за да ги одземат најактивните трговци во конкурентна платформа. Во овој случај, станува збор за практиките на двете компании да им овозможат на аутсајдери да ги рекламираат и продаваат своите производи, што во крајна линија доведува до поголем приход.

Необичен е фактот дека, според Amazon, трговците со трета страна генерираат повеќе од 50% од нивниот промет, додека на eBay оваа вредност е 100% поради нивниот специфичен бизнис модел.

Уште е рано да се предвиди што ќе одлучи во судот во овој случај, кој ги соочува двете водечки онлајн платформи за тргување. Западните медиуми коментираат дека овој случај дополнително ќе го заостри конфликтот меѓу компаниите кои веќе имаат прилично затегнати односи.

Продолжи со читање

Компании

Google воведува наплата за YouTube, Google Play и други услуги – цената ќе ја платат производителите на ЕУ?

Објавено

на

Прв пат во својата историја, Google ќе наплаќа лиценци за телефонски производители во Европа за да ги инсталираат своите услуги, како што се Google Play, YouTube или Gmail.

Денес тоа е невозможно да се замисли Android паметен телефон кој во основа нема Gmail, YouTube, и она што е, секако, најмногу важно – Google Play. По паричната казна од 5 милијарди евра, што Google мораше да ја плати на Европската унија, од компанијата одлучија да свртат нов лист кога станува збор за водење бизнис на територијата на Стариот континент.

Врз основа на истрагата спроведена од страна на регулаторното тело на ЕУ, казната за Google следи откако беше утврдено нарушување на конкуренцијата кога станува збор за Андроид. Тоа е практика на компанијата врз основа на барањата кон телефонски производители и пре-инсталирање на основните услуги на компанијата во замена за бесплатно користење на оперативниот систем. Во прописите, меѓу другото, се наведува дека ваквата политика на Google овозможи на компанијата нефер предност во однос на своите конкуренти на пазарот.

Првиот голем чекор кој ќе го направи Google во својата нова политика за корисници во Европа е почеток за давање на лиценци за производители на мобилни телефони во овој дел на светот, кои се планира да продаде уреди со пре-инсталиран оперативен систен на компанијата за услуги од Mountain View.

Добрата вест е дека Android ќе остане бесплатен за сите.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange