Connect with us

Останато

Европски ден на статистиката „Подобри податоци денес за подоро утре“

Објавено

на

Државниот завод за статистика денеска го одбележува Европскиот ден на статистиката на тема „Подобри податоци денес за подоро утре“.

На настанот по повод одбележување на европскиот ден на статистиката најавено е учество на премиерот Зоран Заев, директорката на европското статистичко биро Маријана Коцева, директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, претседателот на МАНУ Таки Фити, министерот за финансии Драган Тевдовски, гувернерката на НБРМ Анита Ангеловска Бежовска, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски и деканот на Економскиот факултет Љубомир Дракулески.

Инаку, Европскиот ден на статистиката се одбележува секоја година со цел подигнување на свеста за значењето и вредноста на официјалната статистика не само за оние кои креираат и донесуваат политики, туку и за пошироката јавност.

Останато

Претседателот на ССК, Ангелоски од Војводина: „Зелен навигатор“ ќе обезбеди фонд за зелени проекти на Западен Балкан

Објавено

на

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски и потпретседателот проф. д-р Орце Симов остварија посета на Покраинската влада на Војводина, каде беа дел од настан на високо ниво за претставување на асоцијација „Зелен навигатор на Западен Балкан“. Ангелоски е член на Управниот одбор на „Зелен навигатор“ кој е воспоставен како единствена иницијатива на јавниот и приватен сектор основана со цел да ја забрза регионалната трансформација на економијата и локалната заедница кон климатска одржливост. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ЕБОР со милијарда евра помош за Украина

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) собра една милијарда евра помош за Украина на годишното генерално собрание неделава, соопшти претседателката Одил Рено – Басо. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Се одржа финалето на Европскиот квиз на парите

Објавено

на

Учениците Матеја Талеска и Дино Дановиц, од СУГС „Joсип Броз Тито“, под менторство на професорката Емилија Величкова, беа наши претставници на финалето на Европскиот квиз на парите, коешто се одржа денеска преку електронска платформа. (more…)

Продолжи со читање


Популарно