Connect with us

Странски банки

Европски банки се уште финансираат фосилни горива и покрај предупредувањата од МАЕ

Објавено

на

Европските банки обезбедуваат милијарди долари за поголемо производство на нафта и гас, покажа последниот извештај, иако Меѓународната агенција за енергија (MAE) даде упатства, со кои треба да се запре глобалното затоплување.

Во текот на 2021 година, 25 водечки банки во Европа на енергетските компании што планираат да го зголемат производството на нафта и гас, им обезбедија 55 милијарди долари, се наведува во извештајот на „Share Action”.

Иако сумата е речиси половина помала од 2020 година, а заостанува и од онаа од 2019 година, кога изнесуваше 83 милијарди долари, ги надмина 2018 и 2017 година, кога за финансирањето такви проекти беа издвоени 49, односно 50 милијарди долари.

Анализата покажа дека најголеми суми обезбедиле „HSBC”, „Barclays” и „BNP Paribas”.

„Share Action” ги повика инвеститорите да побараат од банките да спроведат мерки, што ќе го ограничат финансирањето на нафта и гас и на годишните состаноци да ги поддржат одлуките насочени кон борба против климатските промени.

Портпаролот на „HSBC” изјави дека работат со клиенти на енергетска транзиција, како и дека на 22 февруари ќе објават цели, засновани на наука, што ќе го усогласат финансирањето на нафта и гас, со целите и роковите од Парискиот договор.

Портпаролот на „Barclays”, исто така, изјави дека имаат за цел да го усогласат финансирањето со глобалниот договор за климата од 2015 година, додавајќи, дека тие официјално планираат да ги намалат емисиите на нивните клиенти во енергетскиот сектор за 15 отсто до 2025 година.

За свој коментар, портпаролот на „BNP Paribas”, не беше веднаш достапен.

Странски банки

ЕБОР ја намали прогнозата за раст на македонската економија

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој ја намали прогнозата за економски раст за Македонија за 0,3 проценти. Во последниот извештај за регионалните економски состојби, ЕБOР за Македонија ја намали прогнозата од 3% на 2,7% економски раст. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Светска банка: Со трговската диверзификација и отвореност до подобри работни места, поголем економски раст во Северна Македонија

Објавено

на

Недостигот на трговска диверзификација и концентрацијата на извозот ја ограничуваат улогата на трговијата во економијата на Северна Македонија, со стапки на раст континуирано под оние на ЕУ и другите земји од Западен Балкан. Доколку сака да создаде квалитетни работни места, да ја намали сиромаштијата и да го подобри животниот стандард на луѓето, економијата на земјата треба да стави поголем акцент на трговската диверзификација и отвореност, забележува меѓу другото новиот извештај на Светска банка, Стратегија за трговска политика 2.0 за Северна Македонија што беше презентиран денеска во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Швајцарската централна банка ја зголеми референтната каматна стапка за 0,75 процентни поени

Објавено

на

Швајцарската централна банка ја зголеми референтната каматна стапка за 0,75 процентни поени, што е второ зголемување во претходните 15 години. (more…)

Продолжи со читање

Популарно