Форекс
Европските берзи паѓаат поради зголеменото ширење на коронавирусот

Цените на акциите на европските берзи паднаа, бидејќи инвеститорите се загрижени за тензиите меѓу САД и Кина, како и на секојдневниот раст на бројот на заразени со вирусот Ковид-19, поради што одредени земји воведуваат односно ги враќаат рестриктивните мерки за движење на населението.
Индексот „STOXX 600″ на водечките европски акции се намали за 0,4 проценти.
Индексот „FTSE” во Лондон се намали за 0,90 проценти, на 6.072 поени, додека франкфуртскиот „DAX” ослабна за 0,65%, на 12.834 поени, а „CAC” во Париз за 0,80%, на 4.933 поени.
Берзите се под притисок поради зголемениот број на луѓе заразени со вирусот Ковид-19 и построгите мерки на движење на населението во некои земји од Европската унија.
Акциите во енергетскиот, финансискиот и автомобилскиот сектор паднаа најмногу на европските берзи, меѓу 0,8 и 0,9 проценти.
Инвеститорите, исто така, се воздржаа од понатамошни зголемувања на тензиите меѓу САД и Кина. Владата на претседателот Доналд Трамп во понеделникот објави дека дополнително ќе ги зајакне ограничувањата против кинескиот „Huawei“, откако се закани на други кинески технолошки компании во текот на викендот, вклучително и „Алибаба”.
Што се однесува до објавувањето на забраната за „TikTok“ во САД, доколку не го промени сопственикот, интересот за купување на таа апликација во САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд, освен „Microsoft“, покажа и софтверскиот гигант Oracle”.
Форекс
Македонска берза стана полноправна членка на Федерацијата на Евроазиски берзи (FEAS)

На седницата на Одборот на Федерацијата на Евроазиски берзи, одржана на 28.10.2022 година, одобрен е приемот на Македонска берза АД Скопје како полноправна членка на Федерацијата. (more…)
Форекс
Доларот се повеќе ја зголемува својата вредност – Колку чини во моментов?

Во центарот на светските случувања е растот на американскиот долар и глобалните каматни стапки. (more…)
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 4 weeks
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 1 week
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје