Форекс
Европските берзи паѓаат втор ден по ред


Акциите на европските берзи од утринава бележат пад, втор ден по ред, додека траат руските напади врз градовите низ Украина.
Индексот „STOXX 600″ на водечките европски акции беше намален за 0,8 проценти денеска во 9:30 часот, откако во текот на вчерашниот ден се намали за околу 2 проценти.
Утринава лондонскиот „FTSE” индекс се намали за 0,57% на 7.197 поени, додека франкфуртски „DAX” се намаи за 1,44 проценти на 13.500 поени, а париски „CAC” за 1,60% на 6.276 поени.
Цените и на азиските берзи паднаа, па „MSCI” Азиско-пацифичкиот берзански индекс, без јапонскиот, беше во минус од 1,6% околу 9:30 часот и падна на најниско ниво во последните 16 месеци.
На токиската берза индексот „Nikkei” се намали за повеќе од 2 проценти, додека цените на акциите во Австралија, Шангај, Јужна Кореја и Хонг Конг паднаа меѓу 0,6 и 2,5 отсто.
Берзите рано утринава беа под силен притисок по веста дека избувнал пожар во украинската нуклеарна централа Запорожје, најголемата во Европа, по руското гранатирање и дека е измерено покачено ниво на радиоактивност.
Пазарите подоцна делумно се смирија бидејќи украинските власти објавија дека испратиле пожарникари во електраната и дека нејзината безбедност сега е загарантирана. Според последните вести, електраната е заземена од руските воени сили.
Несигурноста на инвеститорите останува, па тие се повлекуваат од поризични инвестиции и бараат побезбедни засолништа на капитал.
Лошо на берзите влијае и вчерашниот пад на Волстрит. Индексот „Dow Jones” падна за 0,29 проценти, додека „S&P 500″ се лизна за 0,53%, а „Nasdaq” индексот за 1,56 проценти.
Рускиот напад врз Украина е во втората недела и штетите се големи и покрај двете рунди преговори за прекин на огнот.
Растот на цената на нафтата ја поттикнува инфлацијата.
Инвеститорите се загрижени и за брзиот раст на цените на нафтата, кои го достигнаа највисокото ниво во последните седум години, бидејќи со тоа може дополнително да се поттикне инфлацијата во САД, што и без тоа се движи кон највисоко ниво во последните 40 години.
Претседателот на американската ФЕД Џером Пауел во средата порача дека ќе се залагаат за зголемување на каматните стапки за 0.25 поени на состанокот во март, што ги охрабри инвеститорите. Сепак, ако инфлацијата продолжи, ФЕД ќе мораат дополнително да ја заострат монетарната политики, што пак би можело да го забави растот на економијата.
Форекс
Откако достигна повеќегодишен максимум, доларот почна да ја губи вредноста во однос на другите валути


Вредноста на доларот во однос на кошничката валути на пазарот бележи намалување. (more…)
Форекс
НИТУ НАЈДОБРИОТ ФОНД НЕ Е ИМУН НА КРИЗАТА – Инфлацијата и стравот од рецесија ја стопија заработката на норвешкиот пензиски фонд


Норвешкиот пензиски фонд денеска соопшти дека за првите шест месеци остварил загуби во инвестициите од 174 милијарди долари, последица на опотоварувањето на акциите предизвикано од стравувањата од глобална рецесија. (more…)
Форекс
Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во јули?


Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.07.-31.07.2022 година вкупниот промет изнесува 430.542.437 денари и бележи благ пораст од 0,97% во однос на претходниот месец јуни. (more…)
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје