Connect with us

Странски банки

Европските банки полесно ќе се спојуваат – Дали ЕЦБ ќе ја менува политиката?

Објавено

на

Европската централна банка најверојатно ќе примени нова полабава политика кога е во прашање спојувањето на банките во Европа со цел да се забрза економскиот раст и да се напуштат старите крути и ограничувачки позиции.

Со новите политики на европските комерцијални банки ќе им се овозможи полесно да направат спојување со цел да настап со окрупнет капитал на пазарот, како и да се осигураат дека со креирање на нова и поголема банкарска групација нема да претрпат никакви ризици од губење на клиенти и пад на ликвидноста.

Во минатите години пропаднаа неколку преговори за спојување на европски банкарски гиганти поради сложените процедури за составување на бордовите на директори, потребните осигурувања и процедури.

Таков беше примерот на пропаднатите преговори за спојување на Deutsche Bank AG и Commerzbank AG кои на крај донесоа одлука дека трошоците за создавање на една банкарска групација ќе бидат превисоки.

Експертите очекуваат дека со олеснувањето на процедурите од страна на ЕЦБ, европските банки многу полесно ќе може да склучуваат партнерства и силни финансиски субјекти кои потоа ќе може да биде поголеми конкуренти на американските банкарски гиганти.

Овие нови услови може да ги поттикнат и малите банки да се приклучат на големите банкарски корпорации. Во Германија има околу 1500 банки, во Италија ги има петстотини, во Франција околу 400, а во Шпанија се бројат околу 200 банки.

Криптовалути

Централната банка на Русија со предлог целосно да се забрани издавање и употреба на криптовалути

Објавено

на

Централната банка на Русија предложи целосна забрана за издавање, „рударење“ и тргување со криптовалути во Русија, пренесува руски „Комерсант“. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Централните банки во светот забрзано се префрлаат од доларот кон златото

Објавено

на

Централните банки во целиот свет забрзано ги зголемуваат резервите на злато кои ги имаат и кои минатата година достигнаа максимум во последните 31 година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

2021 година ќе биде рекордна во однос на профитите за американсите банки!?

Објавено

на

Најголемите банки на „WallStreet” наскоро треба да пријават рекордни профити во 2021 година, благодарение на високите приноси во секторот на инвестициското банкарство и помалите од очекуваните загуби од кредитите. (more…)

Продолжи со читање

Популарно