Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Европскиот парламент забрани користење на пластика за еднократна употреба

Објавено

на

Европскиот парламент изгласа комплетна забрана за пластиката за еднократна употреба и со тоа сме чекор понапред до решавање на најголемиот светски проблем.

„До 2050-та ќе има повеќе пластика, отколку риби во океаните“ беше една од најморничавите изјави кои ја слушнавме во врска со загадувањето.

Европската комисија го даде предлогот за забрана уште во мај, но дури сега беше прифатена, а нејзината реализација се очекува да биде успешна најдоцна до 2021-ва година.

Забраната важи за пластични чинии, цевки, прибор за јадење, чашки за кафе, држачи за балони и стапчиња за уши, а во иднина се очекува да се прошири и за филтрите во цигарите, кои се едни од најголемите загадувачи на плажите.

Истражувањата покажаа дека околу 150.000 тони пластика завршуваат во водените површини ширум Европа секоја година.

Останато

Јовановиќ: Мислев дека “метлата” требаше да ги фати оние кои работеа за личен интерес и местеа милионски тендери

Објавено

на

Поранешниот советник во Министерството за финансии, Бранимир Јовановиќ, се огласи по повод промената која ја најави премиерот Зоран Заев за смената на Министерот за финансии, Драган Тевдовски. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Истражување – Колкави се просечните месечни нето примања во ИТ секторот?

Објавено

на

Во периодот од 6 февруари до 6 март 2019 година, македонскиот портал за информатичка и комуникациска технологија IT.mk спроведе опсежна анкета за состојбата на македонската ИТ работна сила. Анкетата, во која земаа учество повеќе од илјада професионалци од ИТ индустријата, прикажува клучни факти за програмерите, девелоперите, графичките дизајнери и професионалците од областа на дигиталниот маркетинг во Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Вчера во Битола се отвори нов мултифункционален комплекс „СН СООБРАЌАЕН ЦЕНТАР” Инвестиција вредна 5,5 милиони евра

Објавено

на

Вчера во Битола СН Осигурителен Брокер АД Битола отвора нов мултифункционален комплекс „СН СООБРАЌАЕН ЦЕНТАР”, единствен од ваков тип на територијата на Битола и околината. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange