Connect with us

Анализи

Песимистичко сценарио на Европската комисија за македонската економија – прогнозира пад на БДП од 3,9 проценти

Објавено

на

Прогнозата на Европската комисија за македонската економија е попесимистичка во споредба со очекувањата и предвидувањата на Владата и Народната банка. Според ЕК, македонската економија ќе се соочи со пад на БДП од 3,9 проценти, ќе се зголеми дефицитот, невработеноста и јавниот долг, а најпроблематичен ќе биде извозот.

Анализите на комисијата покажуваат дека поради епидемијата од коронавирусот и преземените мерки, приходите во Буџетот оваа година ќе се намалат за 25 проценти. Европската комисијата соопшти дека дефицитот во Буџетот ќе биде 6,8 проценти што е речиси двојно повеќе од прогнозите на Народната банка која соопшти дека нејзините претпоставки се дека падот на економијата ќе изнесува 3,5 проценти.

Како последица од пандемијата на коронавирусот и мерките кои беа воведени не само во Македонија, туку во речиси сите држави во ЕУ, стапката на невработеност ќе се зголеми, проектирајќи се на 18,1% за разлика од моменталните 17,3 проценти.

Народната банка во своите најновите проекции предвидува пад на економијата од 3,5 проценти, но гувернерката Ангеловска – Бежоска предупреди на можен втор бран на здравствената криза од вирусот Ковид-19 којшто може да предизвика дополнителен пад на економијата.

Претходно, министерката за финансии, Нина Ангеловска објави дека Министерството за финансии предвидува пад на БДП од 3,4 проценти за тековната година.

Европската комисија е на ставот дека падот на економијата ќе зависи исклучиво од времетраењето на кризата со коронавирусот и рестриктивните мерки коишто сеуште се на сила, како и вонредната ситуација во државата. Доколку оваа ситуација потрае, ќе биде неопходен и ребаланс на Буџетот.

Анализи

Светска банка: Започнете со пост-пандемиското економско закрепнување

Објавено

на

Земјите во развој и меѓународната заедница треба да преземат чекори за забрзување на закрепнувањето откако ќе заврши најлошата здравствена криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот и да ги ублажат нејзините долгорочни негативни ефекти, порачува Светската банка. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

НЕДЕЛА НА СТАНБЕНИ КРЕДИТИ: Која банка нуди најповолен станбен кредит?

Објавено

на

Како дел од “Недела на СТАНБЕНИ КРЕДИТИ”, Банкарство.мк изработи целосна анализа на условите под кои банките во земјава одобруваат станбени кредити, од аспект на каматните стапки, трошоците, какво обезбедување е неопходно да се остави под хипотека и останати карактеристики согласно правилникот на банката. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Генерали Инвестментс: Диверзификација на портфолиото е чекор кон вистинската насока

Објавено

на

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите. (more…)

Продолжи со читање

Популарно