Connect with us

Странски банки

Европската економија ќе се намали за 7,5 проценти

Објавено

на

Економијата на Европската унија ќе се намали за 7,5 проценти во 2020 година затоа што пандемијата на коронавирусот го донесе најлошиот економски шок од Големата депресија во 1930-тите, објави Европската комисија.

Извршната власт на ЕУ ги објави своите последни економски прогнози – првите проценки откако европските земји воведоа рестриктивни мерки за да го спречат ширењето на вирусот Ковид-19. Во февруари, Европската комисија процени дека оваа година растот на европскиот БДП ќе изнесува 1,4 проценти.

„Длабочината на влијанието ќе зависи од развојот на пандемијата, од нашата способност за безбедно рестартирање на економска активност и закрепнување што ќе следи“, рече Валдис Домбровскис, потпретседател на Комисијата за економски прашања.

Европските влади работат на плановите за укинување на мерките за изолација по неколкунеделниот карантин. Италија, Португалија, Грција, Германија и Австрија се само некои од државите што започнаа со укинување на некои од нивните ограничувања и рестрикции. Сепак, повторното отворање на економиите ќе се случува постепено и ќе трае со месеци.

„Европа доживува невиден економски шок уште од Големата депресија“, рече еврокомесарот за економија, Паоло Гентилони.

„Длабочината на рецесијата и силата на закрепнувањето ќе бидат нерамномерни. Ваквата дивергенција претставува закана за единствениот пазар и еврозоната“, додаде тој, повикувајќи ги европските влади да постапуваат решително, но внимателно.

Европската комисија во моментов работи на понатамошни економски стимулации. Предлог за таканаречен фонд за опоравување се очекува да се создаде во наредните денови. Гентилони посочи дека фондот може да достигне 1,5 трилиони евра.

Странски банки

ПроКредит Групацијата постигна значителни резултати последните 9 месеци со принос на капиталот од 13,6%

Објавено

на

Групацијата ПроКредит, која главно е активна во Југоисточна и Источна Европа, објави висок финансиски резултат од 94,0 милиони евра за првите девет месеци од 2023 година. Приносот на капиталот значително се подобри на ниво од 13,6 %, со што се нагласуваат среднорочните проекции на групацијата. Добриот резултат главно беше поттикнат од континуираната позитивна динамика на нето-каматната маржа, како и од подобрениот коефициент трошоци-приходи од 58,7%. Стабилните показатели за кредитниот ризик доведоа до умерена цена на ризикот од 20 базични поени, каде спаѓаат и дополнителните резервации за загуби резервирани во третиот квартал на работењето на групацијата во Украина. Како резултат на силниот оперативно-финансиски развој во целата групација, Управниот одбор реши на 26 октомври 2023 година повторно да ги подигне проекциите за финансиската 2023 година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ЕБОР го назначи Фатих Туркменоглу за нов шеф на Банката во Северна Македонија

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го назначи Фатих Туркменоглу за нов шеф на Северна Македонија. Тој ќе ја преземе функцијата на 1 ноември и ќе ја води канцеларијата на Банката во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ПроКредит Холдинг АД: Успешно спроведена трансформација во акционерско друштво

Објавено

на

Матичната компанија на развојно ориентираната Групација ПроКредит успешно ја заврши трансформацијата на својата правна форма во акционерско друштво (AG). Трансформацијата беше завршена со внесување на ПроКредит Холдинг АД во трговскиот регистар на 27.9.2023 година. Претходно, на Годишното генерално собрание одржано на 5.6.2023 година беше донесена одлука за одобрување на промената на правна форма со многу големо мнозинство. Трансформацијата во акционерско друштво има за цел дополнително да го подобри прифаќањето на инвеститорите, особено меѓу учесниците на меѓународниот пазар, а, во исто време, да ја поедностави корпоративната структура. Деловниот фокус на ПроКредит Холдинг, особено со акцент на Југоисточна и Источна Европа и неговата посветеност да се постигне влијание, остануваат непроменети. (more…)

Продолжи со читање

Популарно