Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

ЕВРА НА БАНКОМАТ – УНИКАТНА УСЛУГА НА ПРОКРЕДИТ БАНКА

Објавено

на

Како банка лидер во иновативните, модерни технологии за банкарско работење ПроКредит Банка им нуди уникатна услуга на своите клиенти – да повлекуваат и дополнуваат евра директно на банкомат. Со оваа услуга клиентите на банката може со само неколку клика на банкомат да располагаат со евра и тоа без да трчаат до менувачница или да чекаат ред во работното време на експозитурите.

ПроКредит Банка располага со ЕУР банкомат на сите свои локации со Зони 24/7 и тоа: Скопје (Ново Лисиче и Карпош), Велес, Куманово, Штип, Струмица, Битола, Прилеп, Струга, Гостивар и Тетово. Зона 24/7 се модерни и автоматизирани експозитури кои работат 24 часа и нудат голем број на услуги како: уплата и исплата на денари и евра, сеф за дневен промет за компании, печатење на изводи, процесирање на налози за плаќање, уплата на кованици во денари на следниве локации – Карпош – Скопје, Струмица и Тетово, како и останати автоматизирани услуги.  

Услугата за уплата и исплата евра на банкомат е достапна за сите клиенти на банката кои имаат сметка во евра и Mastercard картичка. Бидејќи Mastercard картичката на ПроКредит Банка е мултивалутна картичка поврзана со трансакциски сметки во денари и евра, истата им овозможува на клиентите пристап до сопствените сметки 24/7 и тоа и за време на празници, неработни денови и викенди.

Се што Ви е потребно за користење на овие уникатни поволности е да бидете клиент на ПроКредит Банка и да имате сметка во ЕУР! Прочитајте повеќе како да станете клиент на ПроКредит Банка тука.

Домашни банки

КХВ и одобри на ТТК Банка издавање на корпоративна обврзница

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста дека доби одобрение од Комисијата за хартии од вредност за издавање на корпоративна обврзница. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Измени во органите на управување и раководење на Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување и раководење на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД-Скопје оствари добивка од 19 милиони евра во првото полугодие од 2019 година

Објавено

на

Во периодот од 01.01.2019 до 30.06.2019 година Стопанска банка АД – Скопје оствари нето добивка пред оданочување во износ од 1.171.487 илјади денари, што претставува намалување за 38,8% споредено со нето добивката остварена во анализираниот период минатата година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange