Connect with us

Анализи

Еве кој има право да направи увид во сефовите на граѓаните

Објавено

на

Граѓаните во банкарските сефови обично чуваат семеен накит, пари, тестаменти и важни артефакти и предмети од голема важност за нив, а според банкарските службеници има и клиенти кои прашуваат дали во сефот може да собере пакет или тегла од два, три и пет килограми.

Со законот е утврдена забрана за поседување оружје, експлозиви, запалливи супстанци, наркотици, како и предмети што може да се распаднат и да се расипат. Ѓраѓаните не треба да ги чуваат парите во сефови. Некои банки тоа не го препорачуваат тоа, додека други дури и го забрануваат.

„Банката нема увид во содржината на сефот на клиентот. Во исклучителни ситуации, доколку клиентот не е присутен, сефот може да се отвори само по налог на судот, Министерството за внатрешни работи, и слично.“, велат од една наша банка.

Затоа, до содржината на сефот не може да пристапи никој, туку единствено закупецот на сефот или некој кого тој лично го овластил, со што во сефовите граѓаните оставаат сè што сакаат да го сочувааѕ на најбезбедно место.

Најчесто, во сефовите се чуваат важни договори, тестаменти, хартии од вредност, како што се обврзници, акции, уметнички дела, скапоцен накит и слично. Во моментов, не е точно познат бројот на сефови во банките во Македонија, бидејќи тие не се обврзани да известуваат за бројот на сефови. Сепак, нацрт-законот за спречување перење пари, кој се очекува да биде усвоен до крајот на годинава, ќе ја промени таа состојба. Практично, банките ќе треба да ја известат НБРСМ за склучените договори за закуп на сефови, за бројот на корисници на сефови, како и за лицата кои имаат овластување да пристапат до сефот.

Сефовите се во банките под видео надзор 24 часа, а обично ги изнајмуваат граѓаните за време на одморите и патувањата. Тие можат да бидат изнајмени од физички и правни лица. Димензиите се избираат по потреба и се достапни вонколку различни големини.

Цената зависи од големината на сефот и периодот на изнајмување, при што клиентите обично бараат најмали сефови и период на закуп од три месеци до една година.

Изнајмувањето на најмалиот сеф за еден месец во просек чини околу 500 денари во банки, или околу 4.500 денари годишно. Закупот на најголемиот сеф е во просек до 1.300 до 1.800 денари месечно, или околу 6.000 денари годишно.

Сефовите можат да се изнајмуваат и од физички и од правни лица, а граѓаните кои ги изнајмуваат се на различна возраст од најмладите, студентите, до оние највозрасните пензионерите.

Анализи

Висок поврат на ДДВ за фирмите: 206 милиони евра во првото полугодие и покрај кризата од КОВИД-19

Објавено

на

Во првото полугодие од 2020 година извршен е поврат на ДДВ кон фирмите од 12,7 милијарди денари или 206,5 милиони евра, што е за 6% повеќе во однос на лани или за 660 милиони денари повеќе. Ова е највисок поврат на ДДВ за овој период во однос на изминатите години, што е значајно особено ако се земе предвид кризата предизвикана од КОВИД-19. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Ангеловска-Бежоска: Со сигурност можеме да кажеме дека шпекулациите поврзани со курсот на денарот не се поткрепени со економски аргументи

Објавено

на

Во сите досегашни епизоди на криза, стабилниот курс на денарот претставува главен фактор на одржување на макроекономската стабилност. Нема компромис во однос на постојниот режим на курсот. Јавноста треба да има потполна доверба во нашата заложба и во нашиот капацитет успешно да продолжиме со постојната монетарна стратегија на стабилен курс на денарот. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Банкнотата од 50 евра е најпопуларна кај фалсификатoрите

Објавено

на

Од 2002 година, кога беше воведена евро валутата, откриени се 19 милиони фалсификувани банкноти на оваа валута со лична вредност од 1,2 милијарди евра. (more…)

Продолжи со читање

Популарно