Connect with us

Останато

Еве како компаниите можат да ги задржат најдобрите вработени…

Објавено

на

Платите не се секогаш доволна мотивација за вработените, дури и кога се над просекот. Просперитетните и иновативни компании со цел да ги задржат своите најдобри и најквалитетни работници им нудат нов мотив за да останат во фирмата и да дадат уште поголем придонес, а тоа е удел во компанијата.

Оваа мерка за задржување на најдобриот кадар е мерка која регионалните компании ја копираат од компаниите од Силиконската долина, а истата треба да им помогне на компаниите кои работат пред се во информатичката индустрија да го задржат најскапиот и највредниот персонал, бидејќи во последно време се почеста е појавата на одлив на стручен кадар, пред се во ИТ секторот.

На овој начин, компаниите ги стимулираат своите вработени да ги извршуваат своите работни задачи помотивирано, да воведуваат новитети и иновативни идеи и со тоа да ја зголемат вредноста на компанијата.

Овој метод на стимулација особено се покажа како ефикасен во компаниите од областа на информатичката технологија кои имаат ограничени ресурси во почетната фаза на работење. Од друга страна, овие компании имаат голем потенцијал за брз раст, така што вработените во овие компании имаат потенцијал да остварат прилично голем профит во случај на продажба на своите удели што ги стекнале за релативно евтини пари во почетната фаза на работењето на компанијата.

Останато

ОДЛИЧНА ВЕСТ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ – Во тек е етапната исплата на мартовските пензии, повисоки за 8,4%

Објавено

на

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започна етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8,4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија за раст на пензиите, која следи два индикатори односно 50% од порастот на просечната плата и 50% од порастот на трошоците за живот. Ова усогласување се врши два пати во годината март и септември и претставува постојан раст на пензиите. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Стевкова-Штериева: Принципите за родова еднаквост се основа за просперитетна иднина

Објавено

на

Со истакнување на обврската за почитување на Принципите за јакнење на жените (The Women’s Empowerment Principles) како дел од Целите за одржлив развој на ООН, д-р Маја Стевкова-Штериева, претседателка на МБА и Главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка, нѐ потсети на заедничката одговорност за справување со најголемите предизвици на денешницата. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Кирил и Кристијан од ООУ “Мите Богоевски” – Ресен се национални победници на Европски квиз на пари 2023

Објавено

на

Денес, последниот ден на Глобалната недела на пари, во организација на Македонската банкарска асоцијација во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност, се одржа финалето на националниот натпревар Европски квиз на пари 2023. (more…)

Продолжи со читање

Популарно