Connect with us

Странски банки

ЕБОР ќе и даде заем на Молдавија во вредност од 300 милиони евра

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) ќе и даде на Молдавија заем од 300 милиони евра со цел и помогне на земјата да обезбеди дополнителни резерви на гас со кои би можеле да се надоместат можните прекини во снабдувањето предизвикани од руската војна против Украина.

Молдавија која важи за една од најсиромашните земји во Европа, е речиси целосно зависна од испораките на руски гас за нејзината индустрија и потребите за греење.

Рускиот државен енергетски гигант „Газпром” и Молдавија потпишаа договор за испорака на гас со важност до 2026 година по тешките преговори за цената.

„Заемот ќе финансира до една петтина од планираниот увоз на гас на Молдавија за 2022 година, кој е ранлив на потенцијален прекин како резултат на војната против Украина“, се вели во соопштението на Европската банка за обнова и развој.

Заемот на владата на прозападната претседателка Маја Санду ќе биде исплатен на две рати, односно 200 милиони евра за да се избегнат прекини и дополнителни 100 милиони евра за да се изгради стратешка резерва во Украина или Романија.

„Работиме во лето, да имаме помалку грижи во зима“, рече вицепремиерот Андреј Спину во објава на „Facebook”.

ЕБОР соопшти дека нејзиниот заем ќе финансира до 20 отсто од планираниот увоз на гас во Молдавија за 2022 година. Молдавија која се наоѓа меѓу членките на ЕУ и НАТО, Романија и Украина, воведе вонредна состојба набргу по почетокот на руската неиспровоцирана инвазија врз Украина.

Земјата прими стотици илјади украински бегалци од почетокот на војната. Претходната недела, поточно на 23 јуни Молдавија заедно со Украина доби покана да ги започне преговорите за прием во Европската унија.

Странски банки

Европската централна банка ги зголемува референтните каматни стапки за 25 базични поени

Објавено

на

Европската централна банка (ЕЦБ) во четвртокот ги зголеми клучните каматни стапки за 25 базични поени поради високите инфлациски притисоци. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ЕЦБ подготвува ново зголемување на каматните стапки

Објавено

на

Европската централна банка (ЕЦБ) повторно ќе ја зголеми референтната каматна стапка како дел од борбата против инфлацијата, на следниот состанок на Советот на гувернери. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Презентација на Редовниот полугодишен економски извештај на Светска банка за земјите од Западен Балкан

Објавено

на

Светска банка денеска ќе одржи презентација на 23-то издание од серијата извештаи за економската состојба во земјите од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија, насловено „Тестирање на отпорноста“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно