Connect with us

Странски банки

ЕБОР ќе издвои пакет вреден 250 милиони евра како помош за справување со последиците од КОВИД-19

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) оваа година за Република Северна Македонија ќе додели пакет од 250 милиони евра за поддршка на финансискиот сектор, за енергетскиот сектор, за мали и средни претпријатија, но и за големите компании. ЕБОР ќе го активира  „Пакетот за солидарност” за справување со економските последици предизвикани од пандемијата КОВИД-19, а значителна поддршка ќе биде ориентирана кон земјите на Западен Балкан, вклучувајќи ја и нашата.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски на онлајн видео конференција, заедно со министерката за финансии Нина Ангеловска и министерот за економија Крешник Бектеши, одржаа состанок со претседателот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Сума Чакрабарти и неговите соработници, за состојбата со пандемијата на коронавирусот КОВИД-19 и за последиците, кои на глобално ниво и во нашата земја ги предизвикува ова заболување.

Претседателот на ЕБОР, Чакрабарти изрази задоволство како властите во Република Северна Македонија се справуваат со пандемијата на КОВИД-19, како и од преземените мерки за намалување на последиците. На видео конференцијата беше истакнато дека банката ќе го активира  „Пакетот солидарност” за справување со економските последици од пандемијата КОВИД-19, а значителна поддршка ќе биде ориентирана кон земјите на Западен Балкан, вклучувајќи ја и Република Северна Македонија.

Оваа година Република Северна Македонија од ЕБОР ќе биде поддржана со пакет од 250 милиони евра наменет за поддршка на финансискиот сектор, за енергетскиот сектор, за мали и средни претпријатија, но и за големите компании.

Дел од оваа поддршка е насочена и кон инфраструктури проекти, кои во наредниот период треба да се финализираат во тесна соработка меѓу Владата на Северна Македонија и ЕБОР.

Претседателот на ЕБОР, Чакрабарти, упати искрени честити за членството на нашата земја во НАТО и започнувањето на преговори со Европската Унија. Тој истакна дека ЕБОР останува посветена на поддршката на Република Северна Македонија во процесот на преговори со ЕУ и во најкус период ќе биде потпишан меморандум за соработка за оваа сфера.

Премиерот Спасовски изрази благодарност за досегашната поддршка, како и за отвореноста на ЕБОР, особено во овој тежок период и за вклучувањето на Република Северна Македонија во  „Пакетот солидарност”.

Воедно премиерот Спасовски искажа посветеност на Владата кон сите отворени досегашни проекти, но и кон проектите кои се во процес на планирање, за поддршка на динамичен економски раст.

 

Криптовалути

Кина им подели по 25 евра на граѓаните на Шенжен за популаризација на дигиталната валута

Објавено

на

Кинеските власти на 50.000 жители на Шенжен избрани по случаен избор им поделија дигитални валути во вредност од 10 милиони јуани, што е еднакво на околу 25 евра по лице. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Французинката Одил Рено-Басо е нова директорка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР)

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја избра денеска Французинката Одил Рено-Басо за нова директорка, на своето Генерално собрание кое се одржува виртуелно поради пандемијата на Ковид-19. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Акционерите на ЕБОР го одобруваат членството на Ирак

Објавено

на

Ирак го направи првиот чекор да стане членка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). (more…)

Продолжи со читање

Популарно