Connect with us

Странски банки

ЕБОР ќе го поттикне пристапот на С.Македонија кон ЕУ

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) нуди круцијална поддршка во критичен момент преку денешното потпишување на Меморандумот за разбирање со Владата на Северна Македонија , со кој ќе се поттикне пристапот на земјата кон Европската Унија (ЕУ).

Документот беше потпишан на виртуелната церемонија од страна на Претседателката на ЕБОР, Одил Рено-Басо и Премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев.

Претседателката на ЕБОР Рено-Басо го поздрави потпишувањето изјавувајќи: „Охрабрени сме од чекорите кои Северна Македонија ги прави во нејзиното пристапување кон ЕУ, и ни претставува задоволство да ги поддржиме овие витални напори со нашиот придонес. Во овие времиња кои бараат поголем ангажман, поважно од било кога е со заеднички сили, не само да се справиме со моменталните предизвици, туку и да ги согледаме долгорочните цели на земјата.”

Во Меморандумот за разбирање, Банката изразува поддршка во сет мерки на политички ангажман, техничка помош и инвестиции, со цел да го задржи моментумот на приближување на земјата кон ЕУ.

Соработката помеѓу Северна Македонија и ЕБОР ќе се фокусира на три области: зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор и инклузивен раст, на одржлива инфраструктура и транзиција кон зелена економија, вклучувајќи ги и приоритетите за регионална поврзаност и зајакнување на инвестициската клима и управување.

Владата ќе ги дефинира реформските области, инвестициските можности и ќе промовира активности од овој меморандум. ЕБОР ќе го поддржи развојот на домашните компании, преку финансирање и долгорочни советодавни услуги, зајакнување на конкурентноста преку поголем пристап до финансии и поддршка кон економската инклузивност, младите и оние од подалечните региони.

Банката ќе помогне во активностите на завршување на клучната транспортна инфраструктура, ќе промовира одржлива инфраструктура и поддршка на разновидна енергетска поддршка, со цел да се зајакне улогата на обновливите извори на енергија.

Владата на Северна Македонија и ЕБОР ќе соработуваат и во подобрување на инвестициската клима, промовирање на меѓуграничната трговија и инвестиции, како и соработка со претпријатијата во државна сопственост во енергија и инфраструктура, со цел да се подобри нивното корпоративно владеење.

ЕБОР е главниот институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес има инвестирано над €2 милијарди во 136 проекти во земјата. Банката се фокусира во поддршка на интеграцијата на земјата во регионалните и глобалните пазари, особено во интензивирање на соработката со клучните партнери како што е Европската Унија и Европската Инвестициона Банка.

Странски банки

Светска банка: Следната година македонската економија ќе се врати на ниво како пред пандемијатa

Објавено

на

На почетокот на следната година се очекува закрепнување на македонската економија по историски најголемата рецесија од осамостојувањето и враќање на ниво како пред пандемијата. Проекциите на Светска банка се дека следната година растот ќе биде 3,5%. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Групацијата Штаермеркише Шпаркасе оствари нето добивка од 80 милиони евра во 2020 година

Објавено

на

„Минатата година бараше многу од сите нас. Сите моравме да покажеме истрајност, подготвеност за промена, генијалност и храброст. Главно помагавме во области каде што луѓето беа особено погодени од кризата, и во многу случаи бевме во можност да им понудиме на нашите клиенти приспособени решенија: регионално, во нашите локални експозитури и центри за поддршка, како и преку нашите дигитални платформи. И покрај предизвикувачките услови за работа, Штаермеркише Шпаркасе постигна охрабрувачки стапки на раст. Да се ​​биде во можност да се забележи раст на депозитите, кредитите и на вкупниот биланс на состојба во вакви времиња е голема победа за Штаермеркише Шпаркасе и за сите нејзини вработени. Кај трансакциите со хартии од вредност, дефинираните цели беа дури и надминати. Проектите за спојување со Охридска банка во Северна Македонија и Банкхаус Крентшкер ни отвораат нови можности што сакаме да ги искористиме и ќе ги искористиме. Подготвени сме да го продолжиме патот на раст во 2021 година, па дури и да го надминеме“, вели Герхард Фабиш, главен извршен директор и претседател на Управниот одбор на Штаермеркише Шпаркасе. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

1200 банкарски службеници ќе работат од дома засекогаш!?

Објавено

на

Најголемата европска банка „HSBC” одлучи да префрли повеќе од 1.200 вработени во Велика Британија на постојана работа од дома. (more…)

Продолжи со читање


Популарно